За време на ЕYOF Скопје 2025 раководството на МССФ покажа и докажа дека има европски вредности за организација и на најголеми спортски настани.

По многу години Стрелачкиот спорт повторно дебитираше на престижниот Европски Младински Олимписки Фестивал и тоа во Скопје, Македонија.
Овој настан беше еден од најголемите настани кои се одржале откако е формирано спортското стрелаштво во Македонија, а можеби и воопшто за Македонскиот спорт. Натпреварите во стрелаштво се одржаа во период од 20 до 26 јули, а учествуваа 37 европски нации и над 110 млади спортисти кои се натпреваруваа во 12 дисциплини за освојување медал.
Младите спортисти за прв пат имаа можност да освојат и директни квота места за учество на Европските игри 2027 година, што натпреварите ги направи уште по конкурентни со можност за отварање на нови врати кон европскиот успех и прослава на младинскиот спорт.
Еден од ретките спортови кои се одржуваа на програмата на EYOF, a се емитуваше во живо беше Спортрското Стрелаштво кое во договор со Европскиот Олимписки Комитет, Европската Стрелачка Конфедерација и Македонската Спортска Стрелачка Федерација организираа, пренос во живо на сите финалиња на ЕОК ТВ платформата и во живо на онлајн платформите на ЕСЦ како YouTube и Фејсбук, со што се осигура дека семејствата, пријателите и фановите можат да ги поддржуваат омилените спортисти.
Пред почеток на натпреварите се одржа и технички состанок за стрелачкиот спорт, што само покажа и се потврди дека сè е перфектно подготвено и на место за непречен почеток на стрелачките натпревари за време на ЕYOF. Сепак импресивниот број од 37 земји учеснички е јасен доказ за посветеноста на Европската стрелачка конфедерација која ја одразува силната соработка со федерациите членки, бидејќи учесниците на Европскиот младински олимписки фестивал беа избрани од нивните Национални олимписки комитети.
Присуството на Претседателот на ЕСЦ Александар Ратнер за време на натпреварите дополнително го подигна нивото на интерес и сериозност на стрелачкиот спорт. Истиот за време на техничкиот состанок ги сподели своите размислувања и истакна дека: Дебито на стрелаштвото на EYOF е значаен чекор напред за нашиот спорт. Тоа им обезбедува платформа на младите спортисти да го покажат својот талент и да растат во својата дисциплина, но специјално признание оди до Македонската Спортска Стрелачка Федерација, предводена од Претседателот Јордан Тасевски, за нивниот извонреден придонес за успехот на овој настан и подготовка на просторот во новиот национален центар за спортско стрелаштво со воздушно оружје.
Првиот медал од сите 15 спортови за време на Европскиот Младински Олимписки Фестивал (EYOF) беше постигнат во стрелаштво, а го освои Елиф Берфин Алтун од Турција, која го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени додека Анастасија Живковиќ од Србија го освои второто место и Миа Грош од Австрија го освои третото место.
Голема чест и значење на спортското стрелаштво даде и Претседателот Спирос Капралос и Генералниот Секретар Карло Морнати на Европскиот Олимписки Комитет кои беа присутни на финалето на тимскиот натпревар во стрелаштво со воздушен пиштол. Претседателот Капралос и Генералниот Секретар Морнати го пофалија успехот и организацијата на спортското стрелаштво за време на фестивалот и оправдано ја истакнаа неговата важност за развојот на младите спортисти во стрелаштво низ цела Европа и на следните олимписки настани.
На EYOF настанот како поддршка и доказ за цврсто пријателство со МССФ присуствуваа и многу Претседатели и Потпретседатели на Националните стрелачки федерации од Балканот, вклучувајќи ги Србија, Романија, Косово, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Лидерите ја пофалија одличната организација на настанот и им честитаа на Македонската стрелачка федерација и на Европската стрелачка конфедерација за успешното натпреварување. Лидерите, исто така, го истакнаа значењето на овој фестивал за развојот на стрелачките спортови кај младите спортисти. Тие истакнаа дека ваквите натпревари играат клучна улога во негувањето на следната генерација стрелци, обезбедувајќи им непроценлива платформа за развој, натпреварување и напредување во спортот.
Финалето со дуети ја заокружи незаборавната недела во Скопје. Последниот ден од натпреварите во стрелаштво на EYOF 2025 во Скопје заврши на спектакуларен начин со динамичното финале за дует „Хит/Мис“ во стрелаштво со воздушен пиштол и воздушна пушка од 10 метри. Тоа беше ден полн со драма, тимски дух и прослава – означувајќи совршено затворање на овој младински спортски фестивал. Вкупно 18 нации освоија медали во текот на целата недела, а 8 земји ги прославија шампионите на EYOF. Нивото на натпреварување беше извонредно, а иднината на европското стрелаштво изгледа светла.
Македонската Спортска Стрелачка Федерација со овој успешно завршен голем настан е горда на своето раководство и упатува благодарност до сите спортисти, тренери, национални федерации и судии кои придонесоа за успехот на овој настан, а посебна благодарност упатуваме до Министертвото за Спорт, Македонскиот Олимписки комитет, Општина Карпош како и до Европската Стрелачка Конфедерација за нивната поддршка и професионалност во текот на целата недела додека се одвиваа натпреварите.
Резултатите за време на Европскиот Младински Олимписки Фестивал во Скопје во сите дисциплини беа хостирани со извонредна поддршка од SIUS официјалниот провајдер од Швајцарија за резултати во спортско стрелаштво во целиот свет, а сите резултати може да се погледнат на следниот линк:
https://results.sius.com/Events.aspx?Championship=9984ceca-efb2-4d70-ba08-fad1095c6147