Стрелиштето се наоѓа во новиот национален тренинг центар за воздушно оружје во Спортска сала “Наум Наумовски Борче” – Карпош на Ул.Љубљанска бр.1-1 – Карпош, Скопје, Р. Македонија. Стреланата е наменета за користење на воздушно оружје со калибар 4,5 mm на оддалеченост од 10 м Олимписка дисциплина и истата е опремена со дваесет и четири стрелни места. Тренинзите се одржуваат во понеделник среда и петок во период од 18 до 20 часот.
За секое друго огнено оружје од поголем калибар тренинзите се одржуваат на стрелиште Камник по претходно закажан термин.
Годишните одмори во клубот во летниот период започнуваат од 01 јуни до 15 септември додека во зимскиот период од 01 до 31 јануари.
Влезот е преку страничен посебен главен влез за подземниот дел на Спортската сала. За полесно да не лоцирате можете да ја искористите мапата за нашата локација














