Контакт

DSC_0071Официјалното седиште на клубот се наоѓа на адреса Ул.Матеја Матeвски бр.10/2-20, 1000 Скопје Р.Македонија додека стреланата за одржување на редовните тренинзи се наоѓа во новиот национален тренинг центар на МССФ за воздушно оружје во Спортска сала “Наум Наумовски Борче” – Карпош на Ул.Љубљанска бр.1-1 – Карпош, Скопје, Р. Македонија.

Дополнителни информации можете да добиете на тел: 077-600-262, или на нашата e-mail адреса sk.strelec@hotmail.com

Меѓународен лиценциран тренер за пушка и пиштол во клубот е Јордан Тасевски кој е долгогодишен стрелец и повеќекратен Државен првак.

Помошник тренер за пушка со меѓународна тренерска лиценца е Јане Џингов и Драгослав Кудрановиќ кои се долгогодишни стрелци и повеќекратни Државни прваци.

Помошник тренери за вршење обука на членовите за правилно користење и ракување со оружје во клубот се и Вероника Велковска, Мартин Гелевски и Јован Лазоски кои се повеќегодишни искусни стрелци со меѓународни и национални дипломи за тренери и судии.

DSC_0008-scaledПукањето е на растојание од 10 метри Олимписка дисциплина, а за еден тренинг добивате 40 дијаболи, 5 мети и помош од професионлци. Цената на месечна членарина изнесува 2000 денари со која добивате оружје, опрема, мети, дијаболи и обука за секој тренинг во текот на месецот, односно секој понеделник, среда и петок во период од 18 до 20 часот додека поединечен рекреативен тренинг изнесува 250 денари. Стреланата една од најмодерно опремените во балканот и пошироко опремена со дваесет и четири електронски стрелни места. Стреланата е наменета исклучиво за користење на воздушно оружје со јачина до 7 џули и cal 4,5 mm. За секое друго оружје од поголем калибар тренинзите се одржуваат на стрелиштето Камник по претходно закажан термин.DSC_0103

За уплата на членарини, донации и спонзорства се користи следната сметка на клубот:

Жиро сметка: 300000001356872
Назив на примачот: Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” – Скопје
Депонент: Комерцијална Банка А.Д Скопје

Исто така може да ја искористите и нашата web страница за да ни напишете порака.
Ќе ни биде задоволство да Ви одговориме во најкраток рок.