Според бодирањето од страна на МССФ за најуспешни клубови и стрелци за изминатата 2014 година, очекувано како клуб четврта година по ред сме на првото место во Р. Македонија, кaко и во повеќето категории каде на прво место се искачија стрелците од Стрелачки клуб “Стрелец”. Во име на клубот им се заблагодаруваме на сите членови репрезентативци, рекреативци и пријатели на клубот кои придонесуваат и даваат се од себе Стрелачки клуб “Стрелец” да се прикаже во најдобро светло. Ќе продолжиме со засилено темпо и во новата 2015 година за да се подобрат успесите како на домашна така и на меѓународна сцена.
Покрај успешниот настап на стрелците, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност и до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме така ќе продолжиме.
- Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” од Скопје – 575,24 бодови
- Стрелачки клуб “Охрид” од Охрид со 288,15 бодови
- Стрелачки клуб “Работнички” од Скопје со 170,73 бодови
- Стрелачки клуб “РЕК Битола” од Битола со 130,95 бодови
- Стрелачки клуб “Штип” од Штип со 89 бодови
По категории, најдобро рангирани за 2014 во меѓународна програма со воздушно оружје, се следните спортисти:
Kатегорија |
Пласман/ Име и презиме/Клуб |
Сениори пушка |
|
Јуниори пушка |
|
Сениорки пушка |
|
Јуниорки пушка |
|
Сениори пиштол |
|
Јуниори пиштол |
|
Сениорки пиштол |
|
Јуниорки пиштол |
|