Со одржување на I-от КУП во Штип започна лигата на натпревари за 2016 година

karanfilov-e1346332518722На ден 13.03.2016 година на воздушното стрелиште во Штип, се одржа I-от КУП од 2016 година, со кој се означи и почетокот на натпреварите во 2016 година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати. Како и секогаш Ви ги претставуваме тројцата најдобро пласирани стрелци во секоја категорија.

Во категорија воздушен пиштол – мажи, првите три места беа резервирани за стрелците од С.К “Стрелец” така што Борјан Бранковски со резултат 562 круга го освои првто место, веднаш до него на второто место беше Ванчо Каранфилов со резултат од 542 круга, кој од оваа сезона ќе биде засилување на екипата со пиштол во С.К “Стрелец”. Колку да се потсетиме Каранфилов е нашиот сребрен Параолимпиец кој не израдува сите со освојувањето на среброто на ПОИ во Атина 2004, во дисциплината воздушен пиштол, 10 метри. Тој испука високи 570 круга во основниот дел, со што го изедначи европскиот рекорд и дојде на два круга од светскиот рекорд. Во финалето пак, Ванчо заврши со 663,1 круга, позади шампионот од Кина со 664,9 круга. На третото место од првиот куп се пласира Мартин Гелевски исто така од С.К “Стрелец” кој испука 536 круга.

Во категорија воздушен пиштол – жени, на првата позиција од С.К “Работнички” со резултат од 347 круга се искачи Натка Лазарева Симовска, додека на второто место овој пат беше Вероника Велковска од С.К “Стрелец” со резултат од 346 круг а веднаш до неа на третата позиција со 4  круга помалку со 342 кругови беше Лидија Крстеска исто така од С.К “Стрелец”.

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција без никаков проблем со солиден резултат се искачи  Стефан Ѓоргиевски со резултат од 558 кругови од С.К “РЕК Битола” а еднаш до него на втората позиција се пласира Мартин Ивановски исто така од С.К “РЕК Битола” со резултат од 555 круга, додека Леон Јаневски од С.К “Стрелец” се пласира на третата позиција со резултат од 539 круга. Од четврта до шеста позоција се пласираа стрелци од С.К “Стрелец” Ѓорѓија Петковски со 537 круга, Драгослав Кудрановиќ со 533 круга и Горан Секулоски со 530 круга.

Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место се искачи Мартина Петровска од С.К “Охрид” со одличен резултат од 387 круга, веднаш до неа на втората позиција беше Ана Ивановска од С.К “РЕК Битола” со резултат од 386 круга, додека на третата позиција беше Нина Балабан од С.К “Стрелец” која имаше резултат од 385 кругови.

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на I-от КУП од лигата во 2016 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме ќе продолжиме со добрата соработката за уште поголеми успеси.