На ден 14.03.2015 година на воздушното стрелиште во Штип, се одржа I-от КУП од 2015 година, со кој се означи и почетокот на натпреварите во 2015 година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати. Како и секогаш Ви ги претставуваме тројцата најдобро пласирани стрелци во секоја категорија.
Во категорија воздушен пиштол – мажи од СК “Стрелец” настапи единствено Борјан Бранковски што беше доволно за да се освои првото место со резултат 560 круга, веднаш до него на второто место беше Мирослав Славковиќ од СК “Работнички” со резултат 548 кругови додека на трето место се пласира Ангелко Петровски со резултат 540 круга исто така од СК “Работнички”.
Во категорија воздушен пиштол – жени, на првата позиција од СК “Работнички” со добар резултат од 359 круга се искачи Натка Лазарева Симовска, додека на второто место овој пат беше Ангелеска Симона од СК “Стрелец” со резултат од 351 круг а веднаш до неа на третата позиција со шест круга помалку со 345 кругови беше Вероника Велковска од СК “Стрелец”.
Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција без никаков проблем и со доста добар резултат се искачи Михаил Шишкоски со резултат од 602,2 кругови од СК “Охрид”. Веднаш до него овој пат на втората позиција се пласира Стефан Ѓоргиевски од СК “РЕК Битола” со резултат од 587,3 круга, додека Мартин Гоџоски од СК “Охрид” се пласира на третата позиција со резултат од 575,9 круга.
Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени од оваа сезона СК Стрелец ќе биде засилен и ќе има чест на идните натпревари да биде претставуван од Нина Балабан која дојде од СК”Охрид”. Нина е докажана како стрелец со нејзините успеси како на домашните натпревари така и на меѓународните каде што повеќепати ја има исполнето Минималната Олимписка норма, со што се надеваме наскоро дека ќе ја гледаме во финале на некој од Меѓународните натпревари до Олимписките игри во Рио 2016 година. На првиот куп во Штип на првото место се искачи Ивановска Ана од СК “РЕК Битола” со одличен резултат од 402,5 кругови а веднаш до неа на втората позиција беше Нина Балабан од СК “Стрелец” за разлика од 1,2 круга со резултат од 401,3 круга, додека на третата позиција беше Ангела Алексовска од СК “Охрид” која имаше одличен резултат од 399,6 кругови .
Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на I-от КУП од лигата во 2015 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме ќе продолжиме со добрата соработката за уште поголеми успеси.