Почитувани љубители на Македонското спортско стрелаштво
на ден 09.04.2016 година на воздушното стрелиште во Корчагин Скопје, се одржа II-от КУП од 2016 година, со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 40-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати. Од овој натпревар С.К Стрелец може да се пофали веќе со 4 стрелци кои без проблем ја исполнуваат Минималната квалификациона норма за учество на Олимписки игри која секако треба да се потврди и на официјален Меѓународен натпревар, покрај Нина Балабан, Јордан Тасевски и Борјан Бранковски од овој натпревар се приклучи и Антонија А. Тасевска како кандидат за успех на Меѓународните натпревари, и воедно на овој натпревар се искачи на третата позиција. Како и секогаш Ви ги претставуваме тројцата најдобро пласирани стрелци во секоја категорија.
Во категорија воздушен пиштол – мажи, повторно првите три места беа резервирани за стрелците од С.К “Стрелец” така што Јордан Тасевски со резултат 567 круга го освои првото место, веднаш до него на второто место беше Борјан Бранковски со резултат од 564 круга додека на третото место се пласира Томе Несторовски кој како нов член во клубот за кратко време постигна солиден резултати од 533 круга.
Во категорија воздушен пиштол – жени, на првата позиција од С.К “Стрелец” со резултат од 354 круга се искачи Лидија Крстеска, додека на второто место беше Вероника Велковска од С.К “Стрелец” со резултат од 342 круга.
Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција со солиден резултат се искачи Мартин Ивановски со резултат од 581,5 кругови од С.К “РЕК Битола” а веднаш до него на втората позиција за 0,2 круга помалку се пласира Стефан Ѓоргиевски исто така од С.К “РЕК Битола” со резултат од 581,3 круга, додека Леон Јаневски од С.К “Стрелец” се пласира на третата позиција со резултат од 577,1 круга. Од четврта до шеста позоција се пласираа повторно стрелци од С.К “Стрелец” Драгослав Кудрановиќ со 566,5 круга, Ѓорѓија Петковски со 560,7 круга, и Горан Секулоски со 553,3 круга. Како дебитанти на овој натпревар од С.К Стрелец учествуваа и Давид Настев со 522,4 круга, Александар Христовски со 522 круга и Јован Лазоски со 493 круга.
Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место со одличен резултат се искачи Ана Ивановска од С.К “РЕК Битола” од 407,5 круга, до неа на втората позиција беше Мартина Петровска од С.К “Охрид” со резултат од 393,3 круга, додека за 0,3 круга помалку, со досега најдобар личен резулатат со оглед на краткиот тренажен процес од 1 година на третата позиција се искачи Антонија А.Тасевска од С.К “Стрелец” која имаше резултат од 393 кругови со што и за прв пат постигна MQS Минимална квалификациона норма за учество на Олимписки игри која секако треба да се потврди и на официјален Меѓународен натпревар.
Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на II-от КУП од лигата во 2016 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме ќе продолжиме со добрата соработката за уште поголеми успеси.