СТРЕЛАЧКИ КЛУБ СТРЕЛЕЦ – СКОПЈЕ ОРГАНИЗИРА НАТПРЕВАР ВО СТРЕЛАШТВО СО ПИШТОЛ (ГОЛЕМ КАЛИБАР)
WINTER PISTOL CUP 2025
ВО СОРАБОТКА СО ЦИВИЛНО СТРЕЛИШТЕ ЗИП
НА ДЕН 21.12.2025 ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЦИВИЛНОТО СТРЕЛИШТЕ ЗА ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ЗИП
СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ
Драги Пријатели,
Со задоволство и по барање на голем број иматели на оружје кои сакаат да го користат за спортско стрелаштво Ве покануваме да учествувате на првиот турнир ,,WINTER PISTOL CUP 2025″ во организација на Стрелачки клуб Стрелец – Скопје и Цивилното затворено стрелиште за огнено оружје ЗИП од Скопје. Натпреварот ќе се одржи на ден 21.12.2025 (недела) со поддршка на Македонската Спортска Стрелачка Федерација и главниот спонзор МИКЕИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ.
Натпреварот ќе се одржи во следните дисциплини:
Пиштол…………………………………………………15 м…………….10 истрели (мажи и жени)
ПРАВИЛА:
- Растојанието на метата е 15 метри и истата е сразмерно намалена за да биде со идентични димензии како мета која би се користела на 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 30 см. Центарот е со дијаметар од 30 мм и внатрешен круг од 15 мм.
- Вреднувањето на поединечните резултати на сите натпреварувачи во оваа дисциплина ќе биде во две посебни категории и тоа во машка и посебно во женска конкуренција. Метите се достапни за тренинг во стреланата.
- Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
- Натпреварувачите кои немаат сопствено оружје и муниција можат да користат оружје од стреланата по нивна желба во калибар 9х19 мм по цена од 1000 денари каде се вклучени 15 куршуми.
(да наведат при прјавување кое оружје ќе го користат)
- Револвери не се дозволени. (Вон конкуренција)
- Пријавување и котизација од 500 денари за натпреварот е задолжително и се прави до 18.12.2025 на e-mail: tome_357@hotmail.com врз што ќе се формира список за редослед на натпреварувачите по кој ќе учествуваат на турнирот, со цел да се воспостави ред и намали периодот на чекање. Сите членови кои ќе се пријават подоцна ќе бидат вклучени откако ќе завршат прво пријавените натпреварувачи. Уплата на котизација се врши на следната сметка:
Жиро сметка: 300000003253222
Назив на примачот: Римако Арт ДООЕЛ Скопје
Депонент: Комерцијална Банка А.Д Скопје
Цел на уплата: Пример за уплата (Котизација за дисциплина Пиштол 25м)
* Доказ за платена котизација се приложува пред почеток на натпреварот.
Пријава за натпреварот на ден 21/12/2025 година:
PRIJAVA-POEDINECNO-za 21.12.2025-WINTER PISTOL CUP 2025
- Предмети за заштита на слух и вид за натпреварите на турнирот ги обезбедуваат самите натпреварувачи, но истите се достапни и во стреланата. Додека предмети за набљудување на метите како: дурбин, двоглед и сл. натпреварувачите сами си обезбедуваат.
- За победниците (прво, второ и трето место следуваат вредносни ваучери од генералниот спонзорот МИКЕИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ како и медали и дипломи)
- За учесниците следуваат сертификати за учество на натпревар во спортско стрелаштво со кусо огнено оружје.
- Задолжително носење на личен документ (лична карта или пасош) на денот на турнирот.
СИГУРНОСТ
За сигурност на стрелците, службените лица и посетителите мора да се почитуваат наведените правила и да постои самодисциплина. Секој натпреварувач потпишува изјава за одговорност во делот на материјално и кривично.
– Должност на службените лица е да воведат дисциплина, а стрелците и посетителитe истата да ја почитуваат.
– Во интерес на сигурностa службените лица можат и имаат право да го сопрат гаѓањето во секое време.
– Обврска на стрелците е да ја пријават на службените лица секоја ситуација која може да биде опасна и која може да предизвика било каква штета.
– Службените лица во секое време имаат право да го допираат оружјето-опремата без дозвола на стрелците но во нивно присуство, доколку сметаат дека постои потенцијална опасност од опасна ситуација или причинување на штета.
– Во интерес на сигурноста со сите оружја мора да се ракува со максимална внимателност.
– Оружјето не смее да се пренесува или изнесува надвор од линијата за стрелање без команда од линиски судија и без сигурносно знаменце кое е видливо дека излегува од двете страни на цевката од пушката или пиштолот со отворен затворач. За непочитување на ова правило ќе следува дисквалификација на натпреварувачот од страна на судијата без опоменување!
– Оружјето кога нема да се наоѓа на линијата на гаѓање мора да биде во кутија, футрола, ранец или торба.
– За време траење на натпреварот оружјето секогаш треба да биде насочено во сигурен правец.
– Оружјето смее да се полни и репетира само на линијата за гаѓање и тоа исклучиво по команда на линиски судија.
– Со оружјето може да се пука само на линијата на гаѓање само по команда на линиски судија.
– Ако стрелецот испука метак пред издадена команда од линиски судија истиот ќе биде дисквалификуван.
– Пред стрелецот да ја напушти линијата за гаѓање мора да се осигура дека оружјето е празно, затварачот е отворен и шаржерот изваден. Обврска на службените лица е истото да го проверат.
– Пробни истрели и вежби за нишанење се дозволени само на линијата за гаѓање исклучиво со команда на линиски судија. Истото правило важи и доколку било кое службено лице се наоѓа на или пред линијата за гаѓање.
СТРЕЛИШТЕ
Турнирот ,,WINTER PISTOL CUP 2025″ ќе се одржи на Цивилното затворено стрелиште за огнено оружје ЗИП од Скопје кое е лоцирано во Автокоманда во близина на Ресторан Дојрана. Истото може да се најде и на локација на GOOGLE MAPS, со внесување на Цивилно стрелиште ЗИП Скопје:
За повеќе информации обратете се на тел: 078/255-458 и 071/333-392.
Со Почит,
Стрелалчи клуб Стрелец – Скопје

















