ОТВОРЕН НАЦИОНАЛНИOT ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ.

На ден 05 јули 2025 во присуство на Министерот за спорт Борко Ристовски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со настап на Државните репрезентативци со воздушна пушка и пиштол Претседателот на МССФ Јордан Тасевски го промовираше новиот Национален тренинг центар за Олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри, сместен во Спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје.
Во подземниот дел на салата од страна на Македонската Спортска Стрелачка Федерација се изгради современ простор кој со сигурност може да кажеме дека е едно од најмодерните и најсофистицираните стрелишта на Балканот и пошироко, опремен со електронски мети набавени од реномираниот Швајцарски производител SIUS , целосно усогласен со стандардите на Светската Стрелачка Спортска Федерација.
Националниот интерес и континуираното учество на Македонските стрелци на меѓународните натпревари вклучително и на Олимписките игри, се доволен мотив што со поддршка на Министерството за спорт се обезбеди ваков квалитетен тренинг простор за нашите репрезентативци, клубови и идни шампиони.
Министерството за спорт ја поддржа реализацијата на овој проект кој е од огромна важност за Македонското стрелаштво и за Македонскиот спорт воопшто.
Најважно од сè е што спортското стрелиште ќе биде отворено за сите граѓани, без разлика на возраста. Од најмладите што сакаат да се занимаваат со овој спорт, па сè до највозрасните ентузијасти од Скопје и од цела Македонија бидејќи стрелаштвото е спорт за сите!
Ова е уште еден чекор напред за враќање на Македонскиот спорт на местото што му припаѓа.

Долгогодишниот сон од осамостојување на Македонија да се има стрелачки дом и национален тренинг центар каде што ќе се раѓаат нови стрелци во спортско стрелаштво со воздушно оружје Македонската Спортска Стрелачка Федерација го направи реалност под водство на актуелното раководство предводено од Претседателот Јордан Тасевски. МССФ и во иднина ќе продолжи да ги поддржува своите спортисти и да ги подобрува условите за работа во клубовите и сите други стрелачки дисциплини со поддршка од Министерството за спорт, Европската и Светска Спортска Стрелачка Федерација како и останати верни спонзори од општествено одговорни компании поддржувачи на стрелаштвото .

Новиот национален тренинг центар во иднина ќе биде домаќин на многу големи меѓународни натпревари, а најбрзо како домаќин ќе биде на најголемиот спортски настан кој го имала досега Македонија, а тоа е Европскиот Младински Олимписки Фестивал на кој според програмата натпреварите во стрелаштво се во период од 20-25 јули 2025 година.