ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ и фотографии од спектакуларниот и јубилеен 20-ти GRAND PRIХ SKOPJE 2026

Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, гости, пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа јубилејниот 20-ти Интернационален отворен турнир во спортско стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2026 кој се одржа на 16 и 17 мај 2026 година.

Ова јубилејно издание претставува уште една потврда за континуитетот, квалитетот и традицијата на Grand Prix SKOPJE кој две децении успешно ги обединува стрелците од Македонија, регионот и пошироко. Турнирот и оваа година помина во одлична организација, спортски дух и фер натпреварување, со без малку 300 натпреварувачи што е завидна бројка.

Посебна благодарност упатуваме до Министерството за спорт, Општина Гази Баба, Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи како и до сите наши спонзори, поддржувачи и пријатели без чија помош немаше да биде возможно успешно да се организира и одржи Grand Prix SKOPJE во континуитет 20 години.

Свеченото отворање започна со обраќање на присутните од страна на Претседателот на МССФ Јордан Тасевски, Поранешниот Генерал и актуелен Пратеник во Собранието на Р. Македонија Г-дин Павле Арсоски, Помошник Министерот за граѓански работи во МВР Г-дин Јован Алтанџиев и Градоначалникот на Гази Баба Г-дин Бобан Стефковски кој имаше чест свечено да го отвори 20-от Гранд При Скопје 2026. На свеченото отворање кое беше проследено со голем интерес од учесниците и посетителите присуствуваа и многу други претставници од институции и поддржувачи на турнирот, а се доделија и златни плакети по повод јубилеј од 20 години континуирано одржување на Grand Prix Skopje.

Со меѓународниот турнир Grand Prix SKOPJE, спортското стрелаштво веќе 20 години е препознатливо не само во Македонија туку и пошироко во регионот. Специфичноста на стрелиштето Камник и можноста за организација на натпревари во повеќе дисциплини истовремено претставува уникатен предизвик и атракција за сите учесници. За безбедната и професионална реализација повторно беше задолжен искусниот тим на МССФ составен од судии, поранешни и активни стрелци и спортски работници.

ОФИЦИЈАЛНИОТ БИЛТЕН СО РЕЗУЛТАТИ ОД јубилејниот 20-ти Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2026 можете да го погледнете и симнете овде:

Билтен со резултати од 20-от Гранд При Скопје 2026

Во прилог и фотографии од доловената атмосфера на јубилејниот 20-ти Grand Prix SKOPJE 2026