Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, а и гости пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа спектакуларниот и извонредно организиран 19-ти Интернационален отворен турнир во спортско стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2025 кој се одржа на 24-ти и 25-ти мај 2025 година и беше еден од најмасовните и покрај лошите временски услови. Посебна Благодарност упатуваме до Министерството за спорт, Општина Гази Баба и нашите верни спонзори и поддржувачи без кои немаше да бидеме во можност да го одржиме истиот во континуитет 19 години.
На присутните се обрати Претседателот на МССФ Јордан Тасевски, Командантот на Првата пешадиска бригада Бригаден генерал Дејан Чиплаковски и Градоначалникот на Гази Баба Г-дин Бобан Стефковски кој имаше чест свечено да го отвори 19-от Гранд При Скопје 2025. Со меѓународниот турнир Гранд При Скопје 19 години во континуитет препознатливо е спортското стрелаштво не само во Македонија туку и пошироко во регионот и спецификата на стрелиштето Камник, а тоа е стрелање во исто време од три стејџови и тоа на 25 метри, 100 метри и 200 или 300 метри каде што за сето тоа да се организира безбедно и професионално одговорен е тимот на МССФ кој го сочинуваат професионалци судии, поранешни и сегашни активни стрелци со изградена меѓусебна долгогодишна доверба, дисциплина и добра координација.
ОФИЦИЈАЛНИОТ БИЛТЕН СО РЕЗУЛТАТИ ОД 19-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2025 можете да го погледнете и симнете овде:
Билтен со резултати од 19-от Гранд При Скопје 2025
Во прилог фотографии од 19-от Grand Prix SKOPJE 2025