На ден 14.11.2015 година на воздушното стрелиште во Битола се одржа IV-от КУП од лигата за 2015 година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа одлични резултати а Ви ги издвојуваме првите неколку места од секоја категорија.
Во категорија воздушен пиштол – мажи одличен резултат на нашиот пиштољаш Јордан Тасевски од СК “Стрелец” кој со испукани 565 круга беше убедливо на првото место а на второто место се искачи Борјан Бранковски исто така од СК “Стрелец” со резултат од 556 круга додека, на третото место беше Блаже Тофиловски од СК “Работнички” со резултат 552 круга.
Во категорија воздушен пиштол – жени, овој пат на првото место се пласира Оливера Н. Бикова од СК “Работнички” со резултат од 376 кругови, до неа на второто место беше Маја Чешелкоска од СК “Херој Прилеп” со резултат 371 круга додека на третото место се пласира Натка Л.Симовска од СК “Работнички” со 362 круга. На четврто и пето место се пласираа Лидија Крстеска со 354 круга и Вероника Велковска со 349 круга и двете од СК “Стрелец”.
Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција се искачи Стефан Ѓоргиевски со резултат од 555 круга од СК “РЕК Битола”, веднаш до него на втората позиција се пласира Мартин Ивановски од истоимениот клуб СК “РЕК Битола” со резултат од 550 круга, додека Васко Попоски од СК “Охрид” се искачи на третата позиција со резултат 540 круга а Леон Јаневски од СК”Стрелец” овој пат потфрли и мораше да се задоволи со четвртото место со резултат од 527 круга.
Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место очекувано беше Нина Балабан од СК “Стрелец” со резултат од 386 круга, веднаш до неа на втората позиција беше Мартина Петровска од СК “Охрид” со резултат од 380 круга и на третата позиција Ана Ивановска од СК “РЕК Битола” која имаше резултат од 379 кругови. Тука мора да се пофалиме со петтото место на Антонија А. Тасевска од СК”Стрелец” со испукани 363 круга, која со само неколку натпревари во нејзината кариера веќе се приближува кон врвот, а за кратко со добра посветеност на тренинзите се надеваме дека ќе биде во првите три места и ќе биде сериозна конкуренција за врвот во оваа категорија.
Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на IV-от КУП од лигата во 2015 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Спoртски Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме ќе продолжиме со добрата соработката за уште поголеми успеси.