Викендов од 27-29 декември 2024 г. се одржа меѓународниот натпревар Kikinda Cup 2024 во Србија со воздушно оружје каде што благодарение на Министерството за Спорт учествуваа и стрелци од Државната репрезентација на Македонија.
И на двата натпревари најуспешен повторно беше Мартин Ангелески кој во текот на првиот ден погоди 627,2 кругови и постигна личен и Државен рекорд. Додека вториот ден постигна повторно личен и Државен рекорд со погодени извонредни 628,2 кругови. Мартин Ангелески со континуиран тренажен процес покажа дека продолжува да го зголемува својот резултат и со сигурност докажува дека е подготвен за новиот олимписки квалификациски циклус за учество на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.
Покрај Мартин Ангелески во истата дисциплина сребрениот медал го освои Драгослав Кудрановиќ со резултат од 612 кругови додека трето место му припадна на младиот Никола Блажевски со резултат од 603 кругови. Покрај мажите во воздушна пушка медал освои и младата јуниорка Марија Шиндева во дисциплината жени пиштол со резултат од 531 круг и Ирина Јованоска во воздушна пушка со резултат од 600 кругови.
Македонските стрелци до последен ден од 2024-та година докажаа дека неуморно и желно се борат за медал и претставување на Македонското спортско стрелаштво на високо ниво на меѓународните натпревари.