Бранковски повторно со нов Државен јуниорски рекорд на III-от КУП од лигата во 2015 год.

borjan na takmicenjeНа ден 17.10.2015 година на воздушното стрелиште во Штип се одржа III-от КУП од лигата за 2015 година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа одлични резултати а Ви ги издвојуваме првите три места од секоја категорија.

Во категорија воздушен пиштол – мажи извонреден резултат на нашиот пиштољаш јуниор кој со леснотија се искачи на првото место Бранковски Борјан од СК “Стрелец” кој со испукани извонредни 570 круга постави нов Државен јуниорски рекорд со воздушен пиштол најдобар на сите времиња во историјата на Македонското спортско стрелаштво за 2 круга поголем од претходниот, поставен исто така од него. Самиот разултат по себе кажува дека формата на Борјан Бранковски е во подем и стабилна поради спроведување на добар тренажен процес на кој целосно е посветен како самиот тој така и неговиот тренер во клубот, тоа го покажа и на Светскиот КУП во Габала/Азербејџан кој се одржа во август оваа година, за него прв голем настап од ваков тип каде одлично настапи со испукани 562 круга за 1 круг помалку од минималната MQS Олимписка норма. На второто место се искачи Јордан Тасевски од СК “Стрелец” со резултат од 558 круга а веднаш до него на третото место беше Живко Костадиноски од СК “Работнички” со резултат 550 круга.

Во категорија воздушен пиштол – жени, овој пат на првото место се пласира Лидија Крстеска од СК “Стрелец” со резултат од 361 кругови, додека на второ место беше Вероника Велковска исто така од СК “Стрелец” со резултат 342 круга.

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција се искачи Стефан Ѓоргиевски со резултат од 561 круг од СК “РЕК Битола”, веднаш до него на втората позиција се пласира Мартин Ивановски од истоимениот клуб СК “РЕК Битола” со резултат од 557 круга, додека Леон Јаневски од СК “Стрелец” се задоволи на трето место со резултат од 546 круга.

Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место очекувано беше Ана Ивановска од СК “РЕК Битола” со резултат од 380 круга, веднаш до неа на втората позиција беше Мартина Петровска од СК “Охрид” со резултат од 368 круга и на третата позиција Ангела Алексовска од истоимениот клуб СК “Охрид” која имаше еднаков резултат од 368 кругови .

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на III-от КУП од лигата во 2015 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Спортски Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме ќе продолжиме со добрата соработката за уште поголеми успеси.