Спортскиот стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” од Скопје организира лига на натпревари во БИЗНИС-ЛИГА ВО СТРЕЛАШТВО во воздушна пушка на растојание од 10 метри во натпреварувачката сезона 2014/2015 година во машка и женска конкуренција и за таа цел Ве поканува да учествувате во неа.
Почеток на натпреварувачката сезона во БИЗНИС-ЛИГА ВО СТРЕЛАШТВО е 1 Септемри 2014 година, а завршеток е на 31 Мај 2015 година (времетрање 9 месеци).
Секој бизнис-субјект учествува во лигата со екипи во машка и/или женска конкуренција секоја составена од по 4 натпреварувачки/натпреварувачи кои се натпреваруваат во поединечна и екипна конкуренција. Во екипната конкуренција машките и женските екипи се составени од по 4 натпреварувачи, но во натпреварите во екипна конкуренција ќе се земат во предвид само најдобрите резултати на трите од четирите членови на екипата, постигнати во секое коло.
Победникот во поединечна и екипна конкуренција е лицето или екипата кои збирно во осумте кола од натпреварувачката сезона 2014/2015 ќе има најдобри резултати.
Бројот на бизнис-субјектите кои ќе учествуваат во бизнис лигата за натпреварувачката сезона 2014/2015 година е ограничен на 16 субјекти. Пополнувањето на лигата се врши редоследно со доставување пополнета пријава (која Ви ја доставуваме во прилог) до Стрелачки клуб СТРЕЛЕЦ и уплатата на котизацијата. Последен рок за пријавување и уплата на котизација за бизнис субјектите е 25 август 2014 година.
Котизацијата за учество во бизнис лигата во натпреварувачка сезона 2014/2015 год, за секој бизнис-субјект за една машка или женска екипа составена од 4 натпреварувачи изнесува 21.000 (дваесет и една илјади) денари. Доколку пак бизнис-субјектот пријави една машка и една женска екипа, тогаш износот на котизацијата за натпреварувачката сезона за двете екипи изнесува вкупно 42.000 денари (четириесет и две илјади денари). Котизацијата да се уплати најдоцна до 20 август 2014 година на следната жиро сметка:
Стрелачки клуб СТРЕЛЕЦ Број на ж-сметка 300000001356872, Депонент: Комерцијална банка А.Д
За погоренаведениот износ за котизација од страна на бизнис-субјектот, Стрелачкиот клуб СТРЕЛЕЦ за секој од натпреварувачите го обезбедува и организира следното:
- Систем на натпревари организиран во 8 кола во машка и женска конкуренција во натпреварувачката сезона во период од 01.09.2014 до 31.05.2015 година.
- 2 тренинзи неделно (вторник и четврток) секој од времетраење од 2 часа, со стручен тренер по стрелаштво и обезбедено воздушно оружје, дијаболи, мети и користење на стрелиште во период од 01.09.2014 до 31.05.2015 година (девет месечен период).
- Систем на натпревари организиран во 8 кола во машка и женска конкуренција.
- Пехари, медали, дипломи и награди за победниците во поединечна и екипна конкуренција.
- Редовно објавување на резултатите и учесниците од колата во бизнис-лигата, како и сите информации во врска со истото ќе биде на web страната www.strelec.mk
За сите подетални информации во врска со БИЗНИС ЛИГАТА ВО СТРЕЛАШТВО 2014/2015 можете да се обратите на моб.тел. 077-600-262
Со почит,
Стрелачки клуб СТРЕЛЕЦ Претседател Јордан Тасевски