ИНФОРМАЦИИ! за Турнир oтвoрен ден за спортско стрелаштво “СТРЕЛЕЦ КУП 2019″

Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје ги известува и поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели на клубот и љубители на спортското стрелаштво да земат учество или да бидат гости на Турнирот отворен ден за Спортско стрелаштво “СТРЕЛЕЦ КУП 2019″ кој ќе се одржи на ден 13 октомври 2019 година.

ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРАВИЛА за турнирот

Отворен ден за Спортско стрелаштво СТРЕЛЕЦ КУП 2019

I. ПРОГРАМА:

Недела, 13/10/2019 година
09:00 — Свечено отварање на турнирот Отворен ден за Спортско стрелаштво “СТРЕЛЕЦ КУП 2019”

09:30 — Почеток на натпреварите:

- Пиштол (Мажи и Жени)——— 25 метри ———- 10 истрели

- Пиштол службени лица ——– 25 метри ———- 10 истрели
- Револвер —————————– 25 метри ———- 10 истрели
- Пушкa ——————————- 100 метри ——— 10 истрели
- Снајперска ловна пушка —— 100 метри ——— 10 истрели

- Target Rifle ————————- 300 метри ——— 10 истрели

15:30 — Доделување на признанија и награди

Последен Плакат СТРЕЛЕЦ КУП 2019

II. ПРАВИЛА за натправарувачките дисциплини:

- Пиштол ………. 25 метри ………………. 10 истрели.

Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Пиштолот е со централно палење. Дозволени се само механички нишани.
Во оваа дисциплина се употребуваат сите стандардни пиштоли наменети за службена или цивилна употреба. Некои од примерите за пиштоли кои можат да се употребуваат во оваа дисциплина се: Crvena Zastava, Ceska Zbrojovka, Glock, Heckler and Koch, Beretta, Sig Saur, Walther, Browning, како и модели на пиштоли на сите други производители за кои судиите по стрелаштво на натпреварот ќе одредат дека можат да се употребуваат во оваа дисциплина.
Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели.
Вреднувањето на постигнатите резултати е одделно во мажи, мажи службени лица и женска конкуренција, во поединечен и екипен настап. Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои ќе се пријавуваат и за екипен настап задолжително покрај пријавата за поединечен настап, должни се да достават и пријава за екипен настап.

Пријава за поединечно учество

- Револвер ……… 25 метри ………….. 10 истрели.

Растојанието до метата е 25 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е стоечки. Револверот е со централно палење. Дозволени се само механички нишани. Пиштоли не се дозволени. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечни настапи и во единствена конкуренција (нема посебна машка и женска конкуренција и нема екипи). Натпреварувачите доставуваат само пријава за поединечен настап.

- Пушка ……….. 100 метри …………. 10 истрели.

Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 50 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и не е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Пушката е со централно палење. Пушката може да биде со систем за мануелно репетирање (примери: М-48, М-24, М-98 и сл.); со полуавтоматски систем на репетирање (примери: ПАП М-59/66 и сл.) или со автоматски систем за репетирање (примери: АК 47, АК 74, Застава М-70; Colt М-4, Heckler&Koch 223/308, Heckler&Koch G-36, Sig Sauer 550 и сл.). Пушките со автоматски систем за репетирање дозволено е да се употребуваат на натпреварот, само доколку со истите се гаѓа со полуавтомaтски режим на работа. Употреба на рафална стрелба не е дозволена. Дозволени се само механички нишани. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен и екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција). Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои ќе се пријавуваат и за екипен настап задолжително покрај пријавата за поединечен настап, должни се да достават и пријава за екипен настап.

Изјава за поединечно учество

- Снајперска ловна пушка ……. 100 метри ……. 10 истрели.

Растојанието до метата е 100 метри. Метата е кружна со димензии ø 35 см. Ставот за гаѓање е лежечки. Се гаѓа од рамо и е дозволено потпирање на предниот дел од пушката на мека подлога. Дoзволено е потпирање на кундакот на пушката на мека или тврда подлога. Не е дозволена употреба на ногарки. Дозволена е употреба на сите нишански системи: оптички нишан, Red Dot, Aim Рoint, Holosigt I sl.). Ласерски нишан не е дозволен. Снајперскиот ловен карабин е со централно палење и истиот може да биде со мануелен или полуавтоматски систем на репетирање. Дозволено е употреба на стандарден променлив магацин за муниција со капацитет до 5 куршуми додека кај фиксен магацин нема ограничување на капацитет. Дозволени се сите калибри. Не е дозволено користење на компензатор (гасна кочница), пиштолски ракохват и преклопен кундак. Вкупната маса на снајперскиот ловен карабин, вклучувајки ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот и ремникот не смее да надминува 4,7 кг. Дебелината на цевката на пушката не смее да надминува 17 милиметри, мерено до 50 милиметри од почетокот на устата на цевката. Дозволено време за подготовка и проба е 5 минути при што не е ограничен бројот на пробните истрели. Времето за натпревар е 10 минути во кое за оценување се истрелуваат 10 истрели. Вреднувањето на резултатите на сите натпреварувачи во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција).
Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за поединечен настап, должни се да достават и пријава за екипен настап.

- TARGET RIFLE …………. 300 метри ………….. 10 истрели.

Растојанието до метата е 300 метри. Метата е кружна со димензии ø 43,4 cm (кругот 10 е со ø 42 мм). Дозволено време за подготовка и проба е 10 минути во кое не е ограничен бројот на пробните истрели. Мечот се состои од 10 истрели за оценување за време од 10 минути. Се гаѓа во 2 мети (1пробна и 1х10 истрели за оценување). Пушката е ограничена на следните немодифицирани калибри: .223 Remington ( 5,56×45мм NATO); .308 Winchester ( 7,62×51 mm NATO), 8×57 IS (7,9 mm Mauser) и 7,62 x54 R. Со пушката се гаѓа од двоногарки (бипод) кој се цврсто прикачени за оружјето и/или со ремник. Било кој бипод кој ја исполнува дефиницијата за бипод може да се користи и неговата тежина влегува во вкупната маса на пушката. Било кој безбеден рачен систем за чкрапање е дозволен. Дозволени се сите нишански системи, но нивната маса мора да бидат вклучена во вкупната маса на пушката. Вкупната маса на пушката, вклучувајќи ги сите прицврстени додатоци како што се нишанот, ремникот и ногарките (биподот) не смее да ја надмине масата од 8,25 кг. Како додаток се подразбира било каков предмет освен натпреварувачот со облеката, кој делумно или целосно се придвижува заедно со оружјето или кој е прицврстен односно здружен со пушката на било каков начин и се придвижува при секој истрел дури и ако незначително оружјето се поместува од потпорниот наслон. Гаѓањето е во лежечка положба од рамото на натпреварувачот. Двоногарката или ремникот се единствена дозволена предна поддршка на пушката. Пушката може да биде придржана со бипод и/или ремник и заден наслон кој не овозможува механички метод на враќање на иста нишанска точка, при што:

(1) Двоногарката и/или ремникот и задниот наслон не смеат да бидат поврзани едно со друго.
(2) Употребата на било каква маса е забрането. Под предниот/задниот наслон дозволени се да се постават одвоени рамни плочи чии димензии не ги поминуваат димензиите на индивидуалните наслони за повеќе од 5 cм. Во случај на користење на двоногарки, ширината на плочата кај ногарките не смее да надминува 5 см ниту повеќе од 30 см од напред до назад. На овие плочи не се дозволени испакнатини и не е дозволена употреба на шрафови за нивелирање. Плочите мораат да бидат рамни од горната и долната страна.

(3) Двоногарка (бипод) е направа со не повеќе од две ногарки кои го допираат тлото. Taa мора да биде цврсто монтиранa на предниот дел од пушката. Двоногарката може да има ногарки кои се на прекршување или ногарки кои не се на прекршување и може да има можност за подесување со цел да се компензира нерамната подлога на положбата за гаѓање.

(4) Ниту еден дел од кундакот (задниот дел) или поткундакот не смеат да бидат директно допрени на тлото или на било која тврда површина. Како задни наслони можат да се користат „зајачки уши“, мали вреќички со песок или раката во ракавица. При користење на било кој тип на заден наслон, истиот не смее да биде прицврстен, закачен или придржан за пушката на било кој начин. Механички подесиви задни наслони не се дозволени.

(5) Било колку и било какви предмети може да се постават под двоногарките и под задниот наслон за да ги компензираат варијациите на положбата за гаѓање по висина или косина.

(6) Двоногарките и задниот наслон можат да бидат подесувани после секое истрелување за да се компензира движењето на подлогата односно нејзината девијација. Ремникот може да се користи со наслонот меѓутоа неговата маса мора да биде вклучена во вкупната маса на пушката. Дозволен е заден мек наслон. Не е дозволена употреба на гасна кочница.
Важи правилото – „еден стрелец една пушка“ т.е. во оваа дисциплина со една иста пушка не смеат да се натпреваруваат два или повеќе стрелци.

Вреднувањето на резултатите на натпреварувачите во оваа дисциплина е во поединечен и/или екипен настап, а машките и женските натпреварувачи настапуваат во единствена конкуренција (нема вреднување на резултати посебно во машка и посебно во женска конкуренција).

Екипите се составени од 3 натпреварувачи. Натпреварувачите кои во оваа дисциплина се пријавуваат за екипен настап задолжително покрај пријавата за поединечен настап, должни се да достават и пријава за екипен настап.

III. ПРИЈАВУВАЊЕ:

Пријава за екипно учествоПријави за поединечно и екипно натпреварување на турнирот Отворен ден за Спортско стрелаштво “СТРЕЛЕЦ КУП 2019 можат да се достават на емаил sk.strelec@hotmail.com до Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје со наведување на дисциплината во која ќе се натпреварува едно лице или екипа но најдоцна до 10 октомври 2019 година.

IV. КОТИЗАЦИЈА:

Котизацијата за поединечно учество на турнирот во недела на ден 13.10.2019 година (во дисциплините пиштол 25м, револвер 25м, пушка 100м, снајперска ловна пушка 100м и Target Rifle 300m) за секој натпреварувач изнесува 500 денари (при што со тоа обезбедува настап во една дисциплина во поединечна и (или) екипна конкуренција. За настап на натпреварот во втора дисциплина се плаќа 300 денари, додека  во секоја наредна дисциплина трета, четврта или петта се плаќа по 100 денари од дисциплина.

* Котизација се уплаќа најдоцна до 10 октомври 2019 г. на следната сметка на клубот:

Жиро сметка: 300000001356872
Назив на примачот: Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” – Скопје
Депонент: Комерцијална Банка А.Д Скопје, Цел на уплата: Пример (Котизација за дисциплина Пиштол 25м)

* Доказ за платена котизација се приложува пред почеток на натпреварот.

Оружјето и муницијата за натпреварот на турнирот ги обезбедуваат самите натпреварувачи.

V. СТРЕЛИШТЕ:

Турнирот Отворен ден за Спортско стрелаштво “СТРЕЛЕЦ КУП 2019 ќе се одржи на 13 октомври (недела) 2019 година на спортското стрелиште КАМНИК во Скопје. За сите подетални информации можете да се обратите до Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје, преку Е-mail: sk.strelec@hotmail.com, Тел. 077/600-262 и 071/344-707 или на www.strelec.mk

VI. СИГУРНОСТ

За сигурност на стрелците, службените лица и посетителите мора да се почитуваат наведените правила и да постои самодисциплина.

-       Должност на службените лица е да воведат дисциплина а стрелците и посетителитe истата да ја почитуваат.

-       Во интерес на сигурностa службените лица можат и имаат право да го сопрат гаѓањето во секое време.

-       Обврска на стрелците е да ја пријават на службените лица секоја ситуација која може да биде опасна и која може да предизвика било каква штета.

-       Службените лица во секое време имаат право да го допираат оружјето-опремата без дозвола на стрелците но во нивно присуство, доколку сметаат дека постои потенцијална опасност од опасна ситуација или причинување на штета.

-       Во интерес на сигурноста со сите оружја мора да се ракува со максимална внимателност.

-       Оружјето не смее да се пренесува или изнесува надвор од линијата за стрелање без команда од линиски судија и без сигурносно знаменце кое е видливо дека излегува од двете страни на цевката од пушката или пиштолот со отворен затворач.

-       Оружјето кога нема да се наоѓа на линијата на гаѓање мора да биде во кутија, футрола, ранец или торба.

-       За време на траење на натпреварот оружјето секогаш треба да биде насочено во сигурен правец.

-       Оружјето смее да се полни и репетира само на линијата за гаѓање и тоа исклучиво по команда на линиски судија.

-       Со оружјето може да се пука само на линијата на гаѓање само по команда на линиски судија.

-       Ако стрелецот испука метак пред издадена команда од линиски судија истиот ќе биде дисквалификуван.

-       Пред стрелецот да ја напушти линијата за гаѓање мора да се осигура дека оружјето е празно, затварачот е отворен и шаржерот изваден. Обврска на службените лица е истото да го проверат.

-       Пробни истрели и вежби за нишанење се дозволени само на линијата за гаѓање исклучиво со команда на линиски судија. Истото правило важи и доколку било кое службено лице се наоѓа на или пред линијата за гаѓање.

-       Се препорачува на сите стрелци и посетители да носат заштита за уши (антифони или чепови)

-       Се препорачува на сите стрелци и посетители да носат заштита за очи (стрелачки очила отпорни на распрскувачки објекти)

-       Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје нема да сноси никакви одговорности за постапките на лицата кои нема да ги почитуваат погоре наведените правила за безбедно ракување со оружје. Доколку лицата не постапуваат по погоре наведените правила за безбедно ракување со оружје или предизвикаат штета по нивна вина последиците ќе ги сноси лицето кое ракува со оружјето.

-       Учесниците сами си обезбедуваат заштита за уши и очи.

Доколку не се почитуваат горенаведените правила за сигурност за време на турнирот Отворен ден за Спортско стрелаштво “СТРЕЛЕЦ КУП 2019, службените лица имаат право да го дисквалификуваат натпреварувачот и истиот да биде отстранет од спортското стрелиште КАМНИК.

Oд страна на организаторот за учесниците ќе бидат обезбедени медали, дипломи, вредни награди како и освежителни пијалоци.

Со Почит;

Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” Скопје

 

Напишете коментар

*