Тасевски со одличен резултат и пласман на Светскиот куп во Fort Benning – USA

Во период од 07-10 мај 2018 година Јордан Тасевски настапи на Светскиот куп во Fort Benning – USA каде што оствари висок резултат од 569 кругови и пласман на 31 то место. Постигнатиот пласман е најдобар во спортското стрелаштво во дисциплината воздушен пиштол и пушка 60 мажи и жени постигнат на еден Светски куп. Одличниот резултат кој е високо над минималната олимписка норма која изнесува 563 беше остварен со пиштол кој е стар повеќе од 15 години и кој единствено е редовно сервисиран.32765810_10214381065394126_8822357915454144512_n

Овој голем успех на Јордан Тасевски е остварен и покрај неговата улогата во македонското стрелаштво кој воедно има одговорни функции и голем придонес како тренер во најдобриот стрелачки клуб во Македонија од каде што произлегуваат многу стрелци од сите категории и дисциплини кои исполнуваат високи резултати и олимписки норми.  Истиот е и Селектор на Македонската стрелачка репрезентација за што во изминатите две години својата кариера како врвен спортист му беше ставена во мирување. Откако поголем број на стрелци мажи и жени со пушка и пиштол, јуниори и сениори остварија минимални олимписки норми предводени од негова страна, истиот се врати на меѓународната спортска сцена со завиден резултат и пласман со цел Македонија да има што поголем број на стрелци кои остваруваат Б норма за учество на Олимписки игри.32764276_10214381070274248_5105340917955428352_n

Јордан Тасевски е докажан стрелец кој бил над 15 кратен државен првак и повеќекратен рекордер на Македонија со остварени високи резултати кој и покрај секојдневните ангажмани околу останатите стрелци и грижата за развој на клубот “Стрелец” се потруди да се претстави достоинствено на овој светски натпревар како самиот така и Република Македонија. Се надеваме дека во иднина истиот на меѓународните натпревари ќе го подобри својот резултат и ќе се избори за пласман во финалната борба за медал во која учествуваат најдобрите 8 пласирани стрелци на секој натпревар.

ISSF World Cup Rifle/Pistol 2018 - Fort Benning, GA, USA - Final 10m Air Pistol Mixed Team

Напишете коментар

*