Стрелците од С.К “Стрелец” – Скопје со освоени први места во сите категории на II-от КУП од лигата за 2018 год

Почитувани љубители на спортското стрелаштво

На ден 21.04.2018 година во воздушното стрелиште во Штип, се одржа II-от КУП од 2018 година, со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма.

На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати. Како и секогаш Ви ги претставуваме најдобро пласираните стрелци во секоја категорија. Поради немање техничка можност за оценување во децимали резултатите беа оценувани рачно без децимали.

Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место се искачи Нина Балабан од С.К “Стрелец” со 592 кругови (со децимали 617,6 кругови), до неа на втората позиција беше Ана Ивановска од  С.К “РЕК Битола” со погодени 589 кругови (со децимали 615,8 кругови) и на трето Антонија Тасевска која погоди одлични 588 кругови (со децимали 613,3 кругови). Останатите наши стрелци во оваа категорија мораше овој пат да се задоволат со седмата и деветата позиција и тоа Божица Велковска која испука добри 562 кругови и Сара Томевска која имаше резултат од 558 кругови.17819803_10210996466261263_236502651_o

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција убедливо се искачи јуниорот Бојан Симичиев со резултат 567 од С.К “Стрелец”. На третата позиција се искачи Мартин Ивановски од С.К “РЕК Битола” со погодени 559 кругови кој беше изедначен веднаш до него на четвртата позиција со нашиот јуниор Јане Џингов со резултат 559 од С.К “Стрелец”. Во оваа категорија од С.К “Стрелец” настапи и Драгослав Кудрановиќ кој се пласира на петатта позиција со резултат од 543 кругови.

Во категорија воздушен пиштол – мажи, освоени се првите четири места од нашите пиштоџии од С.К “Стрелец”. Борјан Бранковски го освои првото место со испукани  563 круга, на второ место се искачи Јордан Тасевски од С.К “Стрелец” со резултат од 562 круга додека на третото место беше Томе Несторовски исто така од С.К “Стрелец” со испукани 561 круг. Во оваа категорија С.К “Стрелец” настапи и Мартин Гелевски кој се пласира на четвртата позиција со резултат од 550 кругови.18426164_10211319172088707_692997389_o

Во категорија воздушен пиштол – жени, од С.К “Стрелец” настапија Вероника Велковска  со резултат од 524 круга и јуниорката Сара Максимовска со резултат 468 кругови.

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на II-от КУП од лигата за 2018 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме ќе продолжиме со добрата соработката за уште поголеми успеси.

Напишете коментар

*