Стрелци од С.К Стрелец се претставија во добро светло на Меѓународниот натпревар “Војводина КУП 2019″ во Нови Сад

Почитувани

Во период од 01-03 Февруари 2019 година се одржа меѓународното првенство со воздушно оружје 10 метри „Војводина Куп 2018“ во Нови Сад Р.Србија. На ова првенство учествуваа повеќе членови од нашиот клуб од кои дел се и репрезентативци во спортско стрелаштво од Република Македонија. Нина Балабан и Антонија Тасевска во дисциплината Air Rifle Women 60да додека од мажите настапи Јане Џингов во дисциплината Air Rifle Men 60. Спортистите на ова првенство се претставија во добро светло.51922977_339564046653768_2198046910701371392_n

Во конкуренција од 36 натпреварувачки, Нина Балабан во дисциплината Air Rifle Women 60 го освои 15-то место со резултат од 617.7 кругови, а во оваа категорија настапи и Антонија Тасевска која испука 602 кругови и се пласира на 27-тото место.

Кај мажите настапи Јане Џингов во дисциплината Air Rifle Men 60 koj го освои 23-тото место со резултат од 595.2 односно 12-то место во јуниорска конкуренција.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: VUKASINOVIC Sanja-SRB 628.8; DVORSAK Ziva-SLO -628.1 ARSOVIC Andrea-SRB 625.4; . Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои Arsovic Andrea-SRB 249.9.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 во квалификацискиот дел од  натпреварот највисоки резултати постигнаа: KOVACEVIC Lazar-SRB  630,1; STEFANOVIC Milutin-SRB 628,9; RIZOV Anton-BUL 625,5, но во финалето сепак златниот медал го задржа Stefanovic Milutin-SRB  253,6.52643752_580089592492658_4902210641554571264_n

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на овој меѓународен натпревар, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија.

Напишете коментар

*