Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” прогласен за најуспешен клуб за 2012 година

СК СтрелецНа прогласувањето од страна на МССФ за најуспешни клубови и стрелци во меѓународна програма за 2012 година, очекувано како клуб сме на прво место во Р. Македонија, a речиси во сите категории на прво место се искачија стрелците од Стрелачки клуб “Стрелец”. Во име на клубот им се заблагоадруваме на сите членови репрезентативци, рекреативци и пријатели на клубот кои придонесуваат и даваат се од себе Стрелачкиот клуб “Стрелец” да се прикаже во најдобро светло. Ќе продолжиме со засилено темпо и во новата 2013 година за да се подобрат успесите како на домашна така и на меѓународна сцена.

  • Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” од Скопје  – 265,15 бодови
  • Стрелачки клуб “Работнички” од Скопје со 257,92 бодови
  • Стрелачки клуб “Охрид” од Охрид со 89,82 бодови

Севкупно за 2012 година во машка категорија најдобро рангиран спортист од меѓународна програма е Деан Ристовски од  Стрелачки клуб “Стрелец” од Скопје, додека во женска категорија најдобар рангиран спортист е Оливера Наковска Бикова од “Работнички” од Скопје.

По категории, најдобро рангирани за 2012 во меѓународна програма со воздушно оружје, се следните спортисти:

Kатегорија

Пласман/ Име и презиме/Клуб

Сениори пушка

  1. Михаил Шишковски – „Охрид“  -  20 б.
  2. Климент Стојановски – „Ристо Шапкар “ – 20 б.
  3. Ивица Фелчески- „Ристо Шапкар“ – 16 б.

Јуниори пушка

  1. Ѓорѓија Петковски – „Стрелец“   -   28 б.
  2. Драгослав Кудрановиќ – „ Стрелец“  -  21  б.
  3. Филип Кочоски- „Нишан О8 “  -    12 б.

Сениорки пушка

  1. Светлана Трпковска – „Стрелец“  -   30,21 б.
  2. Надица Апостоловска – „Кавадарци“  – 15,39 б.
  3. Елена Апостоловска – „ Кавадарци“ – 10,53 б.

Јуниорки пушка

  1. Нина Балабан – „Охрид“   -  32,32 б.
  2. Ана Ивановска – „Рек Битола“  -  26,5 б.
  3. Верица Гоџоска – „Охрид “  -   10 б.

Сениори пиштол

  1. Деан Ристовски -„Стрелец“   -   41 б.
  2. Јордан Тасевски – „Стрелец“   -  34  б.
  3. Виктор Димовски -„Работнички “  – 16,5 б.

Јуниори пиштол

  1. Мартин Гелевски-„Стрелец“  -    30 б.
  2. Борјан Бранковски-„Стрелец“   -    19 б.
  3. Дарко Коцевски -„Стрелец“  -   12 б.

Сениорки пиштол

  1. Оливера Н. Бикова – „ Работнички“  -  188,99 б.
  2. Лидија Крстеска – „Работнички“  -   21 б.
  3. Вероника Велковска -„Стрелец “  – 15 б.

Јуниорки пиштол

  1. Дијана Петрова –„Стрелец“    -   32,87 б.

Напишете коментар

*