Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” трета година по ред прогласен за најуспешен клуб.

СК СтрелецСпоред бодирањето од страна на МССФ за најуспешни клубови и стрелци за 2013 година, очекувано како клуб трета година по ред сме на прво место во Р. Македонија, a во повеќето категории на прво место се искачија стрелците од Стрелачки клуб “Стрелец”. Во име на клубот им се заблагоадруваме на сите членови репрезентативци, рекреативци и пријатели на клубот кои придонесуваат и даваат се од себе Стрелачкиот клуб “Стрелец” да се прикаже во најдобро светло. Ќе продолжиме со засилено темпо и во новата 2014 година за да се подобрат успесите како на домашна така и на меѓународна сцена.

  • Стрелачки клуб “СТРЕЛЕЦ” од Скопје  – 566,89 бодови
  • Стрелачки клуб “Охрид” од Охрид со 341,33 бодови
  • Стрелачки клуб “Работнички” од Скопје со 227,13 бодови

По категории, најдобро рангирани за 2013 во меѓународна програма со воздушно оружје, се следните спортисти:

Kатегорија

Пласман/ Име и презиме/Клуб

Сениори пушка

  1. Михаил Шишковски – „Охрид“ – 78 б.
  2. Томислав Гончев – „Стрелец“ – 39 б.
  3. Драгослав Кудрановиќ – „Стрелец“ – 39 б.

Јуниори пушка

  1. Ѓорѓија Петковски – „Стрелец“ – 50 б.
  2. Емил Вељановски – „Х.Прилеп“ – 34 б.
  3. Кирил Миленкоски – „Охрид“ – 25,5 б.

Сениорки пушка

  1. Светлана Трпковска – „Стрелец“ – 46 б.
  2. Биљана Зец – „Стрелец“ – 28,5 б.
  3. Елена Апостоловска – „ Кавадарци“ – 8 б.

Јуниорки пушка

  1. Нина Балабан – „Охрид“ – 82,33 б.
  2. Ана Ивановска – „Рек Битола“ – 49 б.
  3. Верица Гоџоска – „Охрид “ – 37 б.

Сениори пиштол

  1. Јордан Тасевски – „Стрелец“ – 76,33 б.
  2. Деан Ристовски – „Стрелец“ – 40,87 б.
  3. Гоце Андоноски – „Х.Прилеп“  – 40 б.

Јуниори пиштол

1. Борјан Бранковски – “Стрелец” – 60 б.

Сениорки пиштол

  1. Оливера Н. Бикова – „Работнички“ – 65,83 б.
  2. Лидија Крстеска – „Работнички” – 56,3 б.
  3. Натка Л.Симоновска – „Работнички” – 55 б.

Јуниорки пиштол

  1. Наталија Стојчевска –„Велес“ – 3 б.

Напишете коментар

*