Старт на натпреварувачката сезона со воздушно оружје во меѓународна програма со I-от КУП за 2021 г.

Почитувани љубители на спортското стрелаштво

На ден 20.02.2021 година во воздушното стрелиште на С.К “Стрелец” кое се наоѓа во Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин во Скопје, стартуваше натпреварувачката сезона со одржување на I-от КУП од натпреварите во 2021 година, со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма.

На натпреварот имаше неопходен број на спортисти од клубовите и тоа мнозинство од младите категории што е за пофалба бидејќи настапија над 60-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати, а сето тоа под строги мерки за заштита од КОВИД-19 согласно Протоколот за спортско стрелаштво одобрен од Комисијата за заразни болести.

Ви ги претставуваме најдобро пласираните стрелци во секоја категорија.

Кај девојките овој пат во категорија воздушна пушка – жени на првото место убедливо се искачи Јована Милевска од С.К “Охрид”со 617,2 кругови, до неа на втората позиција беше Анастасија Мојсовска од С.К “Стрелец” со погодени 615,7 кругови додека на трето место беше Викторија Трајковска од С.К. “Кавадарци” со 595,5 кругови. Од С.К “Кавадарци” во оваа категорија Лилјана Илиева се пласира на четвртата позиција со 595,4 кругови. На петто место се пласира Божица Велкоска од С.К “Стрелец” која погоди 592,1 кругови, а за пофалба беа и младите надежи Магдалена Ристеска од С.К. “Херој Прилеп” со резултат од 591,1 кругови и Ирина Јованоска од С.К. “Херој Прилеп” со резултат од 590,7 кругови.

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција се искачи  Бојан Симичиев со резултат 601,5 од С.К “Стрелец”. На втората позиција се пласира Бојан Спасеновски од С.К “Лихнидос” со погодени 598,2 кругови, а до него на третата позиција со резултат 597,7 беше Мартин Ангелески од С.К “Херој Прилеп”.

Во категорија воздушен пиштол – мажи Борјан Бранковски од С.К “Стрелец” убедливо го освои првото место со испукани 560 кругови пред Томе Несторовски исто така од С.К “Стрелец” со резултат од 550 кругови додека на третото место беше Мирослав Славковиќ од С.К “Работнички” со испукани 531 круг.

Во категорија воздушен пиштол – жени првото место го освои Натка Лазарева Симовска од СК Работнички со 533 кругови додека Вероника Велковска од С.К “Стрелец” погоди со резултат од 512 кругови.

Напишете коментар

*