Пиштољашите од СК “СТРЕЛЕЦ” неприкосновени во Македонија.

Lasers-at-the-OlympicsНа ден 13.10.2013 година во Скопје се одржа четвртиот Куп по ред со воздушно оружје – меѓународна програма.

Стрелците кои пукаат во дисциплината воздушен пиштол – мажи како и секогаш очекувано се искачија на првите неколку места со што докажуваат дека во клубот се работи сериозно и дисциплинирано. Со испукани 561 круг на првото место беше Тасевски Јордан, на второто место со испукани 554 кругови беше Ристовски Деан додека на третото место со доста добар резултат од 552 круга се искачи Гелевски Мартин, како и Бранковски Борјан кој со 551 круг се пласира на четвртата позиција, односно на првото место во јуниорска конкуренција. Тука мора да се истакне дека со спроведување на тренажниот процес во следниот период од младите стрелци Мартин и Борјан  се очекуваат доста повисоки резултати како на домашните натпревари така и на претстојните меѓународни натпревари. Пријатно изненадување во дисциплината воздушен пиштол – жени подготви Петрова Дијана која заслужено се пласира на првата позиција со резултат од 358 круга, додека Велковска Вероника се пласира на четвртата позиција со резултат од 341 круг. Во дисциплината воздушна пушка – мажи Петковски Ѓорѓија заврши како второпласиран, односно првопласиран во јуниорска конкуренција со резултат од 566,8 кругови.

Кај девојките во дисциплина воздушна пушка како и на изминатите купови без многу потешкотии на второто место беше Трпковска Светлана со 397,7 кругови, додека пак како осмопласирана заврши Зец Биљана со резултат од 347,6 кругови.

Напишете коментар

*