Олимписката дисциплина ТРАП 125 по долги години се враќа на вистинската патека

Почитувани

Една од точките во програмата на новото раководство на МССФ беше и развој на Олимписката дисциплина трап 125 која беше долги години заборавена од претходното 13 годишно раководство на чело со бившиот Претседател Владимир Пандовски на кој единствена цел му беше застој на спортското стрелаштво, растурање на меѓуклубските односи со цел остварување на неговите лични интереси за полесно пустошење на МССФ преку грбот на спортистите. По неговата промена речиси во сите области на федерацијата има голем напредок и транспарентно се развива спортското стрелаштво како и работењето на МССФ со тоа што се прифаќаат и реализираат речиси сите идеи кои придонесуваат за развој на клубовите и дисциплините во спортското стрелаштво.

Поради таа причина новото раководството на МССФ предводено од Претседателот Јордан Тасевски кој речиси целиот свој живот е активен и посветен на спортското стрелаштво, на ден 17 и 18 октомври 2020 година со заеднички напори на Стрелачки клуб “Магнум” Богданци и останатите клубови после долги години во нашата земја се организира и одржа натпреварот GRAND PRIХ BOGDANCI 2020 во оваа Олимписка дисциплина со цел враќање на оваа дисциплина на вистинската патека каде што заслужува, дисциплина која во минатото носеше меѓународни медали за МССФ и нашата земја. Овој натпревар во дисциплината Трап 125 на кој учествуваа единствено натпреварувачи од Стрелачките клубови членови во МССФ беше прва фаза, промоција и старт на развојот на Олимпискиот трап во наредните години од која ќе произлезе формирање на лига за која има голем интерес.

Овој натпревар во дисциплината Олимписки трап односно пукање во 125 летечки мети кај нас попознато како пукање во глинени гулаби се одржа во два дена согласно правилата на Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација и тоа во сабота на ден 17.10.2020 се пукаа 3 серии по 25 мети односно вкупно 75 летечки мети и во недела на ден 18.10.2020 година се пукаа 2 серии по 25 мети односно вкупно 50 летечки мети. По завршување на квалификацискиот дел во недела во финале се пласираа првите 6 стрелци кои дополнително пукаа 1 серија од 25 летечки мети со по еден патрон во цевка.

Овој натпревар се одвиваше на Олимпиското трап стрелиште во Богданци под водство на ИССФ меѓународниот лиценциран судија Ристо Попов.

По финалната борба на ова натпреварување на првото место се искачи Илија Сусинов со 93 погодени мети од С.К “Бучим” од Радовиш”, на второто место искусниот Васко Христов од С.К “Стрелец” – Скопје со 90 погодени мети, додека на третото место се пласира Коста Поцков со 74 погодени мети исто така од С.К “Бучим” од Радовиш.

По одржувањето на овој натпревар наидовме на голема подршка и пофалби од љубителите на оваа Олимписка дисциплина со цел да се продолжи и во иднина со вакви активности и поддршка на МССФ преку кои целта е да се изнајдат нови таленти особено од југоисточниот дел на нашата земја каде што е најактивен трапот и каде што има голем интерес за оваа дисциплина од страна на голем број на ентузијасти кои ќе се приклучат кон Стрелачките клубови, а се со цел повторно македонскиот трап да се врати на меѓународните натпревари во оваа Олимписка дисциплина.

БИЛТЕН ГРАН ПРИ БОГДАНЦИ Трап 125 – 2020