Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, а и гости пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа 16-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2022 кој се одржа на 21-ви и 22-ри мај 2022 година. Посебна Благодарност упатуваме до нашите спонзори:
кои ја прифатија нашата инцијатива за органзирање на турнирот Grand Prix SKOPJE 2022 и кои доделија вредни награди за натпреварувачите кои се пласираа на првите три места во секоја дисциплина.
На присутните се обрати Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и Генералот на Армијата Мирче Ѓоргоски додека Градоначалникот на Општина Гази Баба Г-дин Бобан Стефковски свечено го отвори овој 16-ти Гранд При Скопје 2022.
ОФИЦИЈАЛНИОТ БИЛТЕН СО РЕЗУЛТАТИ ОД 16-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2022 можете да го погледнете и симнете овде:
Во прилог фотографии од 16-th Grand Prix SKOPJE 2022