Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, а и гости пријатели на федерацијата и љубители на спортското стрелаштво кои го поддржаа спектакуларниот и извонредно организиран 18-ти Интернационален отворен турнир во спортско стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2024 кој се одржа на 25-ти и 26-ти мај 2024 година. Посебна Благодарност упатуваме до нашите спонзори и поддржувачи без кои немаше да бидеме во можност да го одржиме истиот во континуитет.
На присутните се обрати Претседателот на МССФ Јордан Тасевски и Командантот на Првата пешадиска бригада, Бригаден генерал Сашко Лафчиски кој имаше чест свечено да го отвори 18-от Гранд При Скопје 2024. Овој 18-ти по ред и одржан во континуитет натпревар воедно означува и полнолетство од континуирано одржување на овој најголем меѓународен турнир по кој е препознатливо спортското стрелаштво не само во Македонија туку и пошироко во регионот со неговата специфика на стрелиштето Камник, а тоа е стрелање во исто време од три стејџови и тоа на 25 метри, 100 метри и 200 или 300 метри каде што за сето тоа да се организира безбедно и професионално одговорен е тимот на МССФ кој го сочинуваат професионалци судии, поранешни и сегашни активни стрелци со изградена меѓусебна долгогодишна доверба, дисциплина и добра координација.
ОФИЦИЈАЛНИОТ БИЛТЕН СО РЕЗУЛТАТИ ОД 18-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2024 можете да го погледнете и симнете овде:
Во прилог фотографии од 18-th Grand Prix SKOPJE 2024 на ден 26.05.2024 г.
Фотографии од 18-th Grand Prix SKOPJE 2024 на ден 25.05.2024 г.