Одржан курс за судии по спортско стрелаштво со “А” ниво.

Во организација на Македонската Спортска Стрелачка Федерација (МССФ) во Скопје на ден 15.09.2013 година се одржа курс за судии по спортско стрелаштво А-ниво. Пред почетокот беше истакнато значењето на спортските судии и судиската организација во спортското стрелаштво во однос на регуларноста на резултатите каде на идните судии им беше посочено натпреварите да ги спроведуваат чесно и во согласност со новите правила и стандарди од ИССФ.

На пријавените кандидати за курсот од страна на Претседателот на судиска комисија на МССФ Г-дин Перо Милановски детално беа одржани теоретски предавања за правилата и регулативата на ИССФ со што кандидатите беа детално запознаени со техничките правила, генералната регулатива, новото времетраење на натпреварите со и без електронски мети, новите начини на одржување на финале како и други правила за пушка, пиштол и др. Покрај теоретскиот дел курсот имаше и практичен показен дел, каде низ конкретни практични примери кандидатите имаа можност да се соочат и разрешат разновидни ситуации од судиската пракса за време на натпреварите.

На кадидатите кои го положија успешно испитот за судии по спортско стрелаштво, од страна на Претседателот на судиската комисија на МССФ Г-дин Перо Милановски и од Претседателот на МССФ Г-дин Владимир Пандовски, им беа доделени дипломи издадени од МССФ за положен испит за судија по спортско стрелаштво – „А“ ниво.2013-09-15-1027

Напишете коментар

*