Од 16 до 25 март 2019 година во Осијек Хрватска се одржа Европското првенство во спортско стрелаштво OSIJEK 2018 во дисциплините 10 метри со воздушно оружје.
На ова Европско првенство настапија 7 спортски стрелци во повеќе категории сите во дисциплината воздушна пушка 10 метри.
Македонските натпреварувачи предводени од националниот Селектор Јордан Тасевски се прикажаа во одлично светло на Европското првенство во Осијек 2018 со тоа што 6 од 7 спортски стрелци остварија високи резултати над определената MQS (Minimum Qualification Sqore) или популарно кажано Б Олимиска норма со тоа што им се отвара можност за учество на Олимписките игри ТОКИО 2020 врз основа на поднесена апликација од страна на Македонскиот Олимписки Комитет до Трипартитната Комисија на ИОК.
Така во дисциплината воздушна пушка жени сениорки во извонредно силна конкуренција, најдобар резултат оствари спортистот Нина Балабан со резултат од 619.6 кругови која на почетокот започна одлично но во останатите серии продолжи со несигурност (104.8 102.9 102.1 103.4 102.6 103.8) со тоа што и недостасуваа уште 6,9 кругови за влез во дополнителна финална борба со првите 8 најдобро пласирани од квалификациите.
Втората спортистка Ана Ивановска во истата дисциплина оствари резултат од 616,3 кругови (102.4 102.4 102.6 102.8 103.1 103.0), што е под нејзините оптимални можности, бидејќи истата остварувала и повисоки резултати.
Во истата дисциплина подобрување на својот резултат имаше Антонија Андонова Тасевска која погоди 609,7 кругови (100.9 100.9 102.0 102.6 101.5 101.8), што покажува подем на нејзината спортска форма како резултат на континуиран и интензивен тренинг.
Женската екипа покрај своите добри поединечни резултати во дисциплината жени пушка сениорки 60 дијаболи оствари и нов Државен екипен рекорд кој изнесува 1845,6 кругови.
На Европското првенство за влез во финалето во наведената дисциплина беа потребни 626,6 кругови, а златниот медал по финалната борба на 8-те најдобро пласирани го освои COMAN Laura-Georgeta – ROU со резултат од 249.1 кругови и 627,7 кругови како 2 ра во квалификацискиот натпревар. Сребрениот медал и припадна на CHRISTENNina – SUI со резултат од 249,1 кругови и 627.6 кругови како 4 та во квалификацискиот натпревар, додека бронзата и припадна на PEER Franziska – AUT a со резултат од 627,3 кругови како 5 то пласирана и во квалификацискиот натпревар.
Уверени сме дека на наредните натпревари во овој Олимписки квалификациски циклус некој од нашите спортисти ќе оствари резултат кој ќе овозможи влез во финале кое овозможува борба за медал.
Брилијантно дебитирање на Европското првенство имаа и неколку јуниори од кои дел од нив учествуваа за прв пат на Европско првенство и ги исполнија очекувањата на Селекторот со тоа што остварија високи резултати над определената MQS (Minimum Qualification Sqore) или популарно кажано Б Олимиска норма со тоа што исто така им се отвара можност за учество на Олимписките игри ТОКИО 2020.
Така во дисциплината воздушна пушка жени јуниорки во извонредно силна конкуренција, одличен резултат оствари спортистот Анастасија Мојсовска со резултат од 612.7 кругови која на почетокот започна лошо но во останатот дел од натпреварот продолжи стабилно и ги подобри своите серии (99,0 102.0 103.4 101.4 103.6 103.3) со што оствари одличен резултат за нејзината возраст бидејќи од неа се очекува во најскоро време постигнување резултат кој ќе овозможи влез во финале и борба за медал.
Јована Милевска беше втората јуниорка во истата дисциплина со воздушна пушка која оствари резултат од 604,1 кругови (102.4 102.4 102.6 102.8 103.1 103.0), што е добар резултат за нејзин прв настап на натпревар од ваков тип. Од Јована Милевска која има капацитет се очекува во наредниот период подобрување на својот резултат.
Во дисциплината воздушна пушка мажи Бојан Симичиев постигна солиден резултат од 602,7 кругови (99.8 100.6 99.5 98.9 102.7 101.2) со оглед на тоа што за него исто така ова е прво учество на Европско првенство. Спортската форма на Бојан Симичиев е во подем и континуирано расте во изминатиот период како и на претходните натпревари сето тоа поради осмислена програма и пред се целосна посветенот, а од истиот се очекува да оствари и далеку повисоки резултати во наредниот период.
На ова Европско првенство во стрелаштво ОСИЈЕК 2019 во дисциплината воздушна пушка мажи настапи и спортистот Јане Џингов кој неколку денови пред натпреварот имаше повреда на скочниот зглоб. По стабилниот резултат во првите неколку серии на крајот попушти и оствари резултат далеку под своите оптимални можности од 579,1 кругови (100.0 100.8 98.0 96.3 99.2 84.8).
Со завршувањето на Европското првенство во ОСИЈЕК 2019 и постигнување на 6 резултати над определената MQS (Minimum Qualification Sqore) како и претходно постигнатата MQS (Minimum Qualification Sqore) на Борјан Бранковски во дисциплината воздушен пиштол во септември 2018 година на Светското првенство во Changwon – Korea, Македонското спортско стрелаштво има вкупно 7 MQS (Minimum Qualification Sqore) во повеќе дисциплини или популарно кажано Б Олимписки норми со тоа што се отвара можност за учество на Олимписките игри ТОКИО 2020 врз основа на поднесена апликација од страна на Македонскиот Олимписки Комитет до Трипартитната Комисија на ИОК.