Нова ера во спортското стрелаштво со набавка на нови електронски мети

Почитувани;

Македонската Спортска Стрелачка Федерација предводена од новиот управен одбор на чело со Претседателот Јордан Тасевски согласно ветената програма за развој на македонското спортско стрелаштво остварија уште една најбитна точка со тоа што за прв пат во спортското стрелаштво се набавија електронски мети кои долги години беа посакувани и неопходни за поголем успех на спортските стрелци.

product_HS10-600x626Овие електронски мети ќе овозможат многу поголем развој на нашите Државни репрезентативци и млади надежни спортски стрелци во клубовите кои се во подем со тоа што во тренажниот процес ќе имаат можност со своите тренери да усовршат многу елементи кои недостасуваа без овие електронски мети и истите да ги пренесат на меѓународните натпревари.

Тренинзите на електронските мети се важни за стрелците пред настап на европски, светски првенства и Олимписки игри. Важен бенефит кај спортистите е навиката и осетот кај стрелецот за надминување на разликата помеѓу обичните носачи на книжни мети и електронските мети. Кај обичните носачи со книжни мети стрелците губат време за повлекување на книжната мета и истата мораат механички да ја донесат до нив за да го видат погодокот, додека кај електронските мети автоматски се прикажува секој погодок кој се гледа на екран поставен пред стрелецот на огнената линија и се врши прецизно собирање на вкупниот резултат од сите испукани дијаболи.10m_3

Овие електронски мети нашите спортисти имаа можност да ги гледаат единствено кога настапуваа на меѓународните натпревари. Вакви електронски мети одамна се користат за тренинг и натпревари во државите од нашето опкружување и на сите меѓународни натпревари организирани по правилата од Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација.

Новото раководство на Македонската Спортска Стрелачка Федерација со поддршката од проектите на Агенцијата за млади и спорт како што еден од нив е ваучерскиот систем ќе продолжи да овозможува подобри услови за спортистите со цел развој на спортското стрелаштво и заеднички успех на меѓународните натпревари.

Текстот е превземен од Македонската Спортска Стрелачка Федерација.

91869946_523424905227138_4931561863939883008_n

стрелец-на-електронски-мети

Напишете коментар

*