Почитувани;
Македонската Спортска Стрелачка Федерација предводена од новиот управен одбор на чело со Претседателот Јордан Тасевски согласно ветената програма за развој на македонското спортско стрелаштво остварија уште една најбитна точка со тоа што за прв пат во спортското стрелаштво се набавија електронски мети кои долги години беа посакувани и неопходни за поголем успех на спортските стрелци.
Овие електронски мети ќе овозможат многу поголем развој на нашите Државни репрезентативци и млади надежни спортски стрелци во клубовите кои се во подем со тоа што во тренажниот процес ќе имаат можност со своите тренери да усовршат многу елементи кои недостасуваа без овие електронски мети и истите да ги пренесат на меѓународните натпревари.
Тренинзите на електронските мети се важни за стрелците пред настап на европски, светски првенства и Олимписки игри. Важен бенефит кај спортистите е навиката и осетот кај стрелецот за надминување на разликата помеѓу обичните носачи на книжни мети и електронските мети. Кај обичните носачи со книжни мети стрелците губат време за повлекување на книжната мета и истата мораат механички да ја донесат до нив за да го видат погодокот, додека кај електронските мети автоматски се прикажува секој погодок кој се гледа на екран поставен пред стрелецот на огнената линија и се врши прецизно собирање на вкупниот резултат од сите испукани дијаболи.
Овие електронски мети нашите спортисти имаа можност да ги гледаат единствено кога настапуваа на меѓународните натпревари. Вакви електронски мети одамна се користат за тренинг и натпревари во државите од нашето опкружување и на сите меѓународни натпревари организирани по правилата од Интернационалната Спортска Стрелачка Федерација.
Новото раководство на Македонската Спортска Стрелачка Федерација со поддршката од проектите на Агенцијата за млади и спорт како што еден од нив е ваучерскиот систем ќе продолжи да овозможува подобри услови за спортистите со цел развој на спортското стрелаштво и заеднички успех на меѓународните натпревари.
Текстот е превземен од Македонската Спортска Стрелачка Федерација.