Најдобар резултат во воздушна пушка жени 60 постигнат на еден меѓународен натпревар и воедно нов Државен рекорд за Мојсовска на 10-от Меѓународен натпревар “GRAND PRIX OSIJEK 2021”

Почитувани;

Во период од 17-19 Декември 2021 година се одржа 10-то по ред меѓународно првенство со воздушно оружје 10 метри “Grand Prix Osijek 2021” во Oсијек, Хрватска. На ова првенство учествуваа неколку Македонски спортски стрелци.

На ова последно меѓународно првенство од сезоната за 2021 година во дисциплината Air Rifle Women 60 настапи Анастасија Мојсовска која со испукани 621,1 кругови постигна нов Државен јуниорски рекорд, а воедно и највисок резултат постигнат на еден меѓународен натпревар од наш стрелец во дисциплината воздушна пушка жени 60. Со овој резултат предвиденото финале од Белград се оствари во Осијек и истата се пласира како 8 -ма во финале но поради преголема возбуда центри се погодуваа но со послаби децимали што придонесе предност на противничките така што Мојсовска со испукани 122,9 кругови мораше да се задоволи со 8-то место.

Анастасија е јуниорка која има само 19 години, а сепак веќе има висок и стабилен резултат кој во наредната сезона за 2022 година со континуиран систематски тренинг се очекува да се подобри, а влезот во финале да биде сигурен медал. За сето тоа да биде така одговорен е тимот на МССФ кој секогаш анализира и прави стратегии за доброто на спортистите од кои се очекува добар пласман како оправдување на макотрпните тренинзи.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 настапи Мартин Ангелески со резултат од 610.9 кругови и пласман на 29-то место.

Во дисциплината Air Pistol Men 60 настапи Борјан Бранковски со резултат од 560 кругови и пласман на 13 -то место.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 во квалификациониот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: BAJOS Gitta-HUN 628.1, VUKOJEVIĆ Teodora-SRB 627; HAVRAN Aleksandra-SRB -624.9;. Но, сепак во финалната борба во оваа дисциплина златниот медал го освои повторно TÓTH Anna-HUN со резултат од 249,1 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: PÉNI István-HUN 629.2; THUM Andreas-AUT 627,3; MAIR Tobias-AUT 627,1, но во финалето сепак златниот медал го освои 1-во пласираниот PÉNI István-HUN со резултат од 251,2 кругови.

Во дисциплината Air Pistol Men 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: MIKEC Damir-SRB 583; PETROV Dusko-SRB 578: JOVIČIĆ Nikola 572 – BIH, но во финалето сепак златниот медал го освои 1-во пласираниот MIKEC Damir-SRB со резултат од 243,5 кругови.

Во дисциплината Air Pistol Women 60 во квалификацискиот дел од натпреварот највисоки резултати постигнаа: SIKE Renáta-HUN 574; ARUNOVIĆ Zorana-SRB 572; CSONKA Zsofia-HUN 571, но во финалето сепак златниот медал го освои 1-во пласираниот ARUNOVIC Zorana-SRB со резултат од 243,2 кругови.

Напишете коментар

*