На првиот КУП “пиштолџиите” од СК “Стрелец” покажаа како треба.

ISSF+Shooting+World+Cup+LOCOG+Test+Event+London+vyzE2oQqvFFlИзминатиот викенд на ден 16-17.02.2013 година на стрелиштето во Кисела Вода – Скопје се одржа првиот КУП со воздушно оружје од меѓународна програма на кој настапија над 40 стрелци од повеке клубови низ Македонија. Во дисциплината воздушен пиштол мажи 60 како резултат на напорните тренинзи и целите кои ги имаме зацртано за меѓународен настап, стрелците од нашиот Стрелачки клуб “Стрелец”очекувано беа на првите три позиции и тоа со исполнета Минимална Олимписка норма која треба да се повтори и на Светските Купови со уште повисок резултат. На првото место се искачи Јордан Тасевски со резултат 571 круга а веднаш до него e Деан Ристовски со резултат 565 кругови, тука е и младиот Борјан Бранковски со резултат 550 круга кој наговестува уште повисоки резултати и голема шанса за учество на Младинските Олимписки игри во Nanjing 2014. Во Дисциплината воздушен пиштол жени на првото место беше Лидија Крстеска со резултат 366 круга од СК”Работнички”, На второто место Дијана Петрова со резултат 362 од СК “Стрелец” и Натка Л.Симоновска со резултат 356 од СК “Работнички” на третото место. Новина за стрелците во дисциплината воздушна пушка мажи и жени согласно правилата на ISSF за прв пат беше оценувањето во децимали, така кај мажите со воздушна пушка после кратката пауза на првото место повторно се искачи Томислав Гончев со резултат 588,3 од СК “Стрелец”, на второто место Михаил Шишкоски од СК”Охрид” со резултат 585,4, и на третото место младиот и надежен Ѓорѓија Петковски СК”Стрелец” со резултат 584,1 кој од првото место го делеа само неколку кругови. Во дисциплината воздушна пушка жени како и минатиот пат се водат борби за првото место на кое се искачи Охриѓанката Нина Балабан од СК “Охрид” со резултат 402,2 круга, додека на второто место Светлана Трпковска со 398 круга од СК “Стрелец” и на третото место Ана Ивановска од СК “РЕК Битола” со резултат 386,6 круга. Во продолжение Ви ги претставуваме останатите резултати кои беа постигнати.

112

Напишете коментар

*