Почитувани,
Повеќегодишната соработка помеѓу Македонската Спортска Стрелачка Федерација и Министерството за внатрешни работи на Р. Северна Македонија можеме да кажеме дека беше крунисана на денешната предновогодишна средба на која што со покана од Претседателот на Македонската Спортска Стрелачка Федерација Јордан Тасевски присуствуваше Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Директорот на Бирото за Јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со раководството на Федерацијата и дел од државните репрезентативци.
На средбата од страна на Министерот беше истакнато дека имаме извонредна соработка во делот на спортското стрелаштво која се заснова преку лојалното присуство и взаемна поддршка на единиците при МВР на сите спортски натпревари во организација на Федерацијата додека од страна на Претседателот на МССФ беа истакнати успесите на Стрелачката Федерација во делот на Олимписките дисциплини на меѓународните натпревари и успешниот развој на федерацијата во делот на опрема за стрелците и клубовите.
На средбата свечено беа доделени и златни плакети на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и на Џеват Исени како член на Управниот Одбор на Македонската спортска стрелачка федерација за успешна и професионална ангажираност во спортот.
Меѓусебната соработка и во иднина ќе се темели на видни успеси и реализации на полето на спортското стрелаштво со посветена тимска работа на целиот Управниот Одбор на МССФ.