На III-от КУП во Штип Доминација на пиштољашите од С.К “Стрелец”

На ден 20 и 21.04.2013 година се одржа третиот КУП со воздушно оружје од меѓународна програма каде свечено и во присуство на голем број гости и пријатели на спортското стрелаштво се пушти во употреба новото воздушно стрелиште во Штип во сопственост на Стрелачкиот клуб “Штип”. На натпреварот настапија околу 40 стрелци од повеке клубови низ Македонија. Во дисциплината воздушен пиштол мажи 60, на врвот како и секогаш, стрелците од нашиот Стрелачки клуб “Стрелец”очекувано беа на првите три позиции и тоа на првото место се искачи Јордан Тасевски со резултат 569 круга а веднаш до него беше Деан Ристовски со резултат 559 кругови, додека Борјан Бранковски со резултат 548 круга беше на третото место кој е јуниор и од кој се очекуваат уште повисоки резултати. Во Дисциплината воздушен пиштол жени на исто така доминираа жените од С.К “Стрелец”на првото место очекувано беше Дијана Петрова со резултат 370 круга од С.К “Стрелец”, на второто место Лидија Крстеска со резултат 367 од С.К “Работнички” и Билјана Тулева од С.К “Стрелец” со резултат 360 кругови на третото место. Кај мажите со воздушна пушка на првото место со солиден резултат се искачи Михаил Шишкоски од С.К”Охрид” со резултат 593,3, на второто место Драгослав Кудрановиќ со резултат 568,1 од С.К “Стрелец” и на третото место Кирил Миленкоски со резултат 564,5 од С.К “Охрид”. Во дисциплината воздушна пушка жени со висок резилтат на првото место се искачи Нина Балабан од С.К “Охрид” со резултат 398,7 кругови, додека на второто место со резултат од 391 круг Светлана Трпковска од С.К “Стрелец” и на третото место Ана Ивановска од С.К “РЕК Битола” со резултат 388,9 кругови. Во продолжение Ви ги претставуваме резултати кои беа постигнати од останатите учесници. III KUP1III KUP

Напишете коментар

*