На Државното првенство за 2019 со ПАП и Војничка пушка 7,9 златните медали и екипни пехари беа резервирани за С.К “Стрелец” – Скопје

Почитувани;

Изминатиов викенд на ден 22.09.2019 година на стрелиштето Камник во Скопје се одржа Државно првенство на Македонија во дисциплините ПАП 7,62×39мм (полуавтоматска пушка) и војничка пушка 7,9мм на растојание од 100 метри во лежечки став за сите клубови кои се членки на Македонската Спортска Стрелачка Федерација.71104672_2320209601441600_6065282347882774528_n
Членовите на С.К “Стрелец” се покажаа во одлично светло со тоа што без потешкотии ги освоија златните медали и пехари во сите дисциплини, со тоа што повторно докажаа дека не само со воздушно туку и со огнено оружје Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје е најдобар клуб во Р. Македонија.

Во поединечен пласман со војничка пушка 7,9 мм од С.К “Стрелец” се истакнаа:
Томислав Гончев прво место со резултат од 175, Јовица Гелевски трето место со 172 кругови и Драгослав Кудрановиќ четврто место со 171 круг.

71205498_2320209018108325_1804339207276068864_nЕкипата на С.К “Стрелец” – Скопје со војничка пушка 7,9 мм го освои првото место со вкупен резултат од 518 кругови.
На второ место беше екипата на СК Штип со 459 додека на трето екипата на СК Струмица со 274 кругови.

Во поединечен пласман со ПАП 7,62x39mm од С.К “Стрелец” се истакнаа:
Јордан Тасевски кој го освои првото место со резултат од 169 кругови, Јовица Гелевски второ место со 167 кругови и Драгослав Кудрановиќ четврто место со 154 круг.

Екипата на С.К “Стрелец” – Скопје со ПАП 7,62×39 мм го освои исто така првото место со вкупен резултат од 490 кругови.
На второ место беше екипата на ГСК Пелистер со 440 додека на трето место екипата на СК Штип со 376 кругови.

71310895_2320208904775003_5110502880234700800_nКај жените во поединечен пласман со ПАП 7,62x39mm од С.К “Стрелец” првото место со резултат од 142 кругови го освои Антонија Тасевска, второто место со 122 кругови и припадна на Мартина Николовска од ГСК Пелистер додека на третата позиција со 70 кругови се пласира Јасмина Тошевска од СК РЕК Битола.

Ви ги прикажуваме и останатите подобри резултати од Државното првенство 2019 во голем калибар на учесниците од С.К “Стрелец” – Скопје како и целосниот билтен во продолжение на фотографиите:
ВОЈНИЧКА ПУШКА 7,9 мм:
Јордан Тасевски 140 кругови
Јане Џингов 126 кругови
Звонко Магдески 117 кругови
Ѓорѓија Тасевски 81 кругови
Томе Несторовски 48 кругови

ПОЛУАВТОМАТСКА ПУШКА 7,62×39 мм
Иван Димитриевски 123 кругови
Ѓорѓија Тасевски 120 кругови
Јован Лазоски 110 кругови
Димитар Димески 74 кругови
Сашо Несторовски 57 кругови
Горан Секулоски 46 кругови

71082203_2320211098108117_1160699200753631232_n71491568_2320211281441432_6560112238793850880_n

Напишете коментар

*