Македонските трап стрелци учествуваа на европско првенство за шатган во Осијек, Хрватска 2023

Почитувани,

Стрелците во Олимписката дисциплина ТРАП 125  продолжија да редат успеси со меѓународно конкурентни резултати како на домашните така и на меѓународните натпревари како што беше учеството на Европското првентсво за шатган во Осијек Хрватска 2023 кое се одржа од 08-27.09.2023 година.

На ова Европско првенство учествуваа четворица наши државни репрезентативци. Најдобар резултат од нашите претставници имаше младиот Бобан Тушев кој е член на СК СТРЕЛЕЦ и за прв пат дебитираше на еден голем официјален натпревар каде што се покажа во одлично светло со тоа што постигна висок резултат од 110 погодени летечки мети со серии: (24 23 23 19 21). Еден од четворицата репрезентативци беше и искусниот Јордан Христовски кој со серии (19 16 19 25 19) постигна вкупен резултат од 98 погодени летечки мети. Истиот на Светското првенство во 2022 година постигна резултат од 115 погодени летечки мети што воедно е резултат кој е над определената MQS (Minimum Qualification Sqore) или популарно кажано Б-олимписка норма што е чекор поблиску до учество на ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ во олимпискиот циклуц кој ни предстои до ПАРИЗ 2024 година. На ова светско првенство дебитираа и Благој Митев кој испука резултат од 97 летечки мети со серии (19 15 19 20 23) и Сашо Дамовски со резултат од 82 летечки мети и серии од (15 17 20 17 13). За финална борба и пласман во првите осум стрелци во оваа дисциплина потребни беа да се погодат 122 летечки мети.

Државните репрезентативци на ова Европско првенство беа предводени од Ристо Попов меѓународен ИССФ судија, а покрај настапот на Македонските спортисти на ова Европско првенство за шатган за прв пат Јордан Тасевски како еден Претседател на Македонската Спортска Стрелачка Федерација за прв пат во шатган имаше чест да додели медали, а тоа беа победниците во екипна категорија во дисциплината трап жени јуниорки.