Локација

Стрелиштето се наоѓа во Гимназија Раде Јовчевски – Корчагин позади Олимписки базен во центарот на Градот. Стреланата е наменета за користење на воздушно оружје со калибар 4,5 mm на оддалеченост од 10 м Олимписка дисциплина и истата е опремена со десет стрелни места. За секое друго оружје од поголем калибар тренинзите се одржуваат на стрелиште Камник по претходно закажан термин. Тренинзите се одржуваат во понеделник среда и петок во период од 18 до 21 часот.

Годишните одмори во клубот во летниот период започнуваат од 01 јуни до 25 септември додека во зимскиот период од 01 до 31 јануари.

Влезот е преку главниот влез на училиштето. За полесно да не лоцирате можете да ја искористите мапата за нашата локација