Историска посета на МССФ од страна на Претседателот на ИССФ Г-дин Лучијано Роси

 

432703198_10228647929816820_4386419865145854342_nВо период од 17-18.03.2024 г. во посета на МССФ пристигна Претседателот на Светската Стрелачка Спортска Федерација Г-дин Лучијано Роси. На средбата се разговараше за претстојните Олимписки игри во Париз 2024, за Европските младински олимписки игри кои треба да се одржат во Скопје 2025 година како и други заеднички проекти за развој на Македонското стрелаштво кое е во подем и доста опремено за разлика од минатото.
Со истиот заедно остваривме средба и со Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет Г-дин Даниел Димевски каде што Претседателот на МССФ Г-дин Јордан Тасевски се заблагодари за целата помош и поддршка која ја добива Македонската Спортска Стрелачка Федерацијата од Светската Стрелачка Федерација како и Македонскиот Олимписки Комитет во изминатите 4 (четири) години.
Голема чест беше за првпат еден Претседател на Меѓународна Стрелачка организација да биде гостин во посета на Македонија и Македонското Спортско Стрелаштво.

Исто така Претседателот на ИССФ Г-дин Роси се заблагодари на Македонскиот Олимписки комитет за одличната соработка со ИССФ и МССФ која е на многу високо ниво. Димевски и Роси разговараа и за многу проекти поврзани со идните млади стрелци кои еден ден секако ќе ја претставуваат Македонија на следните Олимписки игри и истакнаа дека и во иднина ќе се продолжи со поддршка на МССФ и спортското стрелаштво.