II-от КУП од лигата одржан во новото стрелиште во Битола.

На ден 23.03.2014 година на Ново отвореното воздушно стрелиште во Битола, се одржа II-от КУП од 2014-та година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма.Спортското стрелиште е лоцирано во комплексот на поранешната касарна во Битолa. Стрелиштето е на две нивоа, на првото ниво се поставени 10 стрелачки мети, а на второто ниво се очекува да бидат поставени и електронски мети. Условите во стрелиштето за одржување натпревари и тренирање се одлични и во споредба со претходните се неспоредливи од што се очекува најголем интерес да искажат млaдите кон спортското стрелаштво.

На натпреварот настапија 40-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа одлични резултати. Во категорија воздушен пиштол – мажи на првото место се искачи Тасевски Јордан од СК “Стрелец” со резултат 565 круга, веднаш до него од истоимениот клуб на второто место беше Бранковски Борјан со резултат 555 кругови и Ристовски Деан кој се пласира на третото место со резултат 550 круга.

Во категорија воздушен пиштол – жени на прво место очекувано се искачи Оливера Накова – Бикова од СК Работничкисо резултат од 376 кругови додекана втората позиција беше Натка Л.Симоновска исто од СК Работничкисо резултат 363 круга. На третото место овој пат беше Лидија Крстеска од СК Стрелецсо резултат 359 круга а веднаш до неа со разлика од еден круг помалку со 358 кругови беше младата Симона Ангелеска од СК Стрелецкоја на својот втор натпревар го подобри својот личен рекорд со 5 круга од претходниот со што наговестува дека првите позиции многу наскоро ќе бидат загрозени. Велковска Вероника исто така од СК Стрелецсо 343 кругови се пласира на петтата позиција.

Во категорија воздушна пушка – мажи од СК Стрелецна третата позиција се искачи Петковски Ѓорѓија со резултат од 574,7 кругови, односно на првото место во јуниорска категорија пред Мартин Гоџоски од СК Охрид со резултата 564,2 круга кој пак беше на петатта позиција во севкупна конкуренција, додека Драгослав Кудрановиќ се пласира на четвртата позиција со резултат од 573,5 круга.

Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени од СК Стрелецнастапи само Трпковска Светлана која со 383,2 кругови се искачи на втората позиција, после Ивановска Ана од домашниот клуб РЕК Битола која со резултат од 390,5 круга беше заслужено на првото место. Големо изненадување со искачување на третата позиција ни приреди Емилија Пејева од Ск “Штип” која имаше одличен резултат од 380 кругови кој е за 5 кругови помалку од MQS резултатот за учество на Младинските Олимписки Игри Ninjing 2014, кој за младинки изнесува 385 кругови.

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на II-от КУП од лигата, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме така ќе продолжиме.