На ден 26.04.2014 година на воздушното стрелиште во Штип, се одржа III-от КУП од 2014-та година со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма. На натпреварот настапија 30-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа одлични резултати.
Во категорија воздушен пиштол – жени, голем успех за кратко време кој се очекуваше оствари талентираната Симона Ангелеска од СК “Стрелец” со што го потврди својот напредок во спортското стрелаштво која само после три натпревари во својата стрелачка кариера се искачи на првото место со свој официјален личен рекорд со резултат од 361 круг. Тука мора да се истакне дека со спроведување на добар тренажен процес во следниот период заедно со нејзиниот тренер Ванчо Каранфилов од младата Симона се очекуваат доста повисоки резултати како на домашните така и на претстојните меѓународни натпревари. Додека на втората позиција исто од СК “Стрелец” со добар резултат од 358 круга се искачи Вероника Велковска. На третото место овој пат беше Натка Л.Симоновска од СК “Работнички” со резултат 357 круга а веднаш до неа со разлика од два круга помалку со 355 кругови беше Лидија Крстеска од СК “Стрелец”.
Во категорија воздушен пиштол – мажи првите места беа резервирани за стрелците од СК “Стрелец” така што на првото место се искачи Тасевски Јордан од СК “Стрелец” со резултат 559 круга, веднаш до него од истоимениот клуб на второто место беше Бранковски Борјан со резултат 551 кругови односно на прво место во јуниорска конкуренција. На трето место се пласира Мартин Гелевски со резултат 544 круга и Александар Радосављевиќ на четврто место со 508 круга и двајцата исто така од СК Стрелец.
Во категорија воздушна пушка – мажи од СК “Стрелец” на првата позиција се искачи Петковски Ѓорѓија со резултат од 581,3 кругови, односно убедливо на првото место во јуниорска категорија. Веднаш до него на втората позиција се пласира Драгослав Кудрановиќ со резултат од 572,2 круга, додека Томислав Гончев кој имаше технички проблем со својата пушка се пласира на четвртата позиција со резултат од 559,9 круга.
Кај девојките во категорија воздушна пушка – жени на првото место очекувано се искачи Нина Балабан од СК “Охрид” со одличен резултат од 407,5 кругови. На натпреварот од СК “Стрелец“ настапи Трпковска Светлана која со 385,2 кругови мораше да се задоволи со четвртата позиција, после Ивановска Ана од домашниот клуб РЕК “Битола” која со резултат од 385,4 круга беше на третото место. Големо изненадување со искачување на втората позиција ни приреди Емилија Пејева од Ск “Штип” која имаше одличен резултат од 388,8 кругови кој е за 3 кругови повеќе од MQS резултатот за учество на Младинските Олимписки Игри Ninjing 2014, кој за младинки изнесува 385 кругови.
Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на III-от КУП од лигата, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман, со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме така ќе продолжиме.