Голем број натпреварувачи од клубовите на I-от КУП од натпреварувачката сезона во меѓународна програма за 2020 г.

Почитувани љубители на спортското стрелаштво

На ден 22.02.2020 година во воздушното стрелиште на С.К “Стрелец” кое се наоѓа во Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин во Скопје, се одржа I-от КУП од натпреварите во 2020 година, со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма.89124725_2876238909105686_1642016587680579584_n

На натпреварот настапија 60-тина стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати.

Како и секогаш Ви ги претставуваме најдобро пласираните стрелци во секоја категорија.

Кај девојките овој пат во категорија воздушна пушка – жени одлучуваа децимали но на првото место се искачи Анастасија Мојсовска од С.К “Стрелец” со 614,8 кругови, до неа на втората позиција беше Јована Милевска од С.К “Охрид” со погодени 610,2 кругови додека на трето место беше Нина Балабан со 609,8 кругови. Од С.К Стрелец во оваа категорија Антонија Тасевска мораше овој пат да се задоволи со четвртата позиција со 609,6 кругови. На петто место се пласира Божица Велкоска која испука добри 601,4 кругови.

Во категорија воздушна пушка – мажи на првата позиција се искачи Михаил Шишкоски со резултат 603,3 од С.К “Охрид”. На втората позиција се пласира Јане Џингов од С.К “Стрелец” со погодени 593,9 кругови, а до него на третата позиција со резултат 590,3 беше Бојан Симичиев исто така од С.К “Стрелец”. Во оваа категорија од С.К “Стрелец” настапи и младиот Христијан Ристески кој се пласира на осмата позиција со добар резултат од 568,3 кругови со оглед на тоа што дебитираше на овој натпревар.

89384616_540954149960220_121051338250387456_nВо категорија воздушен пиштол – мажи Борјан Бранковски од С.К “Стрелец” убедливо го освои првото место со испукани 567 кругови пред Томе Несторовски исто така од С.К “Стрелец” со резултат од 552 кругови додека на третото место беше Блаже Тофиловски од С.К “Работнички” со испукани 546 кругови. Во оваа категорија од С.К “Стрелец” настапија и Ѓорѓија Тасевски кој се пласира на петатта позиција со резултат од 521 кругови, Јован Лазоски со резултат на 495 кругови и Александар Мијовски со 463 кругови.

Во категорија воздушен пиштол – жени, од С.К “Стрелец” настапи Вероника Велковска со резултат од 517 круга.

Покрај успешниот настап на стрелците од клубот на I-от КУП од лигата за 2020 година, Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје изразува голема благодарност до Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин од Скопје во која се наоѓа стрелиштето на клубот за тоа што несебично придонесува за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој домашен и меѓународен натпревар даваат се од себе за подобар личен и клубски пласман со што успеваме да сме најтрофеен и најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија.

Напишете коментар

*