Државни репрезентативци учествуваа на Европското првенство со воздушно оружје во Вроцлав, Полска

Од 23 до 02 Mарт 2020 година во Вроцлав, Полска се одржа Европското првенство во спортско стрелаштво WROCLAW 2020 во дисциплините 10 метри со воздушно оружје мажи и жени.

На ова Европско првенство настапија 4 спортски стрелци во дисциплината воздушна пушка жени 10 метри.

Македонските натпреварувачи беа предводени од Тренерите Јордан Тасевски и Валентина Гоџоска. Стрелците не го дадоа својот максимум бидејќи остварувале далеку повисоки резултати од остварените на ова Европското првенство во Вроцлав, Полска 2020.

89097657_508854470042286_7950262722942205952_nТака во дисциплината воздушна пушка жени сениорки во извонредно силна конкуренција, најдобар резултат оствари спортистот Ана Ивановска со резултат од 618,5 кругови која на почетокот започна одлично но во останатите серии продолжи со несигурност (103.3 101.2 102.4 104.5 102.2 104.9) со тоа што и недостасуваа уште 9,5 кругови за влез во дополнителна финална борба со првите 8 најдобро пласирани од квалификациите.

Втората спортистка Нина Балабан во истата дисциплина оствари резултат од 609,9 кругови (102.5 103.2 97.7 102.6 101.9 102.0), што е под нејзините оптимални можности, бидејќи истата остварувала и повисоки резултати.

Во истата категорија настап имаше и јуниорката Анастасија Мојсовска која погоди 606 кругови (100.6 101.1 101.7 100.8 100.9 100.9), што е исто така под нејзините можности со оглед на одржаниот натпревар I КУП пред европското првенство на кој испука 614,8 кругови.

Во дисциплината воздушна пушка жени јуниорки настапи и Јована Милевска која оствари резултат од 607,2 кругови (101.2 101.7 101.6 102.7 100.7 99.3), што е исто така под нејзините можности со оглед на одржаниот натпревар I КУП пред европското првенство на кој испука 610,2 кругови.

Од Анастасија Мојсовска и Јована Милевска кои имаат далеку поголем капацитет се очекува во наредниот период подобрување и далеку повисоки резултати.

89034944_1053864218322380_3329084332869419008_nНа Европското првенство за влез во финалето во наведената дисциплина беа потребни 628,0 кругови, а златниот медал втор пат по ред како и на минатото европско првенство во Осијек 2019 година по финалната борба на 8-те најдобро пласирани го освои COMAN Laura-Georgeta – ROU со резултат од 251.2 кругови и 629,6 кругови како 3-та во квалификацискиот натпревар. Сребрениот медал и припадна на GALASHINA Anastasiia – RUS со резултат од 251,1 кругови и 627.6 кругови како 2-ра во квалификацискиот натпревар, додека бронзата и припадна на ARSOVIC Andrea – SRB со резултат од 228,9 кругови, a со резултат од 628,4 кругови како 6-то пласирана во квалификацискиот натпревар.

Остануваат уште неколку натпревари во финишот на овој Олимписки квалификациски циклус за Токио 2020 да се надеваме со корекција на грешките и напорни тренинзи некој од нашите спортисти да оствари резултат кој ќе му овозможи влез во финале кое овозможува борба за медал и освојување квота за пласман на Олимписките игри Токио 2020.

Напишете коментар

*