Достоинствен настап на Светскиот Куп во стрелаштво – Mинхен 2019

Од  24 до 30 мај 2019 година во Германија се одржа Светскиот куп во спортско стрелаштво Минхен 2019 во дисциплините 10 метри со воздушно оружје.

Главна карактеристика за овој ISSF Светски куп во Минхен е тоа што се постигнуваат високи резултати и учествуваат речиси сите земји од светот.

66181705_420591488536169_6472578846796283904_nМакедонските натпреварувачи се прикажаа достоинствено на Светскиот Куп во Минхен 2019 и имаа добри пласмани.

На Светскиот куп во Минхен за влез во финалето во дисциплината воздушна пушка жени 60 беа потребни 630 кругови, а златниот медал по финалната борба на 8-те најдобро пласирани и дополнителни 24 истрели го освои CHANDELA Apurvi – IND со резултат од 251 кругови. Сребрениот медал и припадна на WANG Luyao – CHN со резултат од 250,8 кругови, додека бронзата и припадна на сонародничката XU Hong – CHN со резултат од 229,4 кругови.66152537_1390199487802362_7432877025297170432_n

Во дисциплината воздушен пиштол мажи исто така во извонредно силна конкуренција за влез во финалето беа потребни високи 582 кругови. Во оваа дисциплина настапија двајца македонски репрезентативци кои доаѓаат од клубот “Стрелец” и тоа Борјан Бранковски кој оствари резултат од 562 кругови, резултат кој е под неговите оптимални можности и Томе Несторовски кој со оглед на неговиот прв настап на официјален ИССФ натпревар оствари просечен резултат од 560 кругови. Капацитетот на овие двајца репрезенатативци е далеку поголем со оглед на резултатите кои ги имаат постигнато на претходните регионални меѓународни натпревари па од таму на идните натпревари се очекува да постигнат далеку повисоки резултати.

Напишете коментар

*