Со донација на вредна опрема од Меѓународната Спортска Стрелачка Федерација уште еднаш се потврдува развојот на Македонското спортско стрелаштво

По иницијатива на Претседателот на МССФ Јордан Тасевски како поранешен успешен спортист и селектор на државната репрезентација од Претседателот на Меѓународната Спортска Стрелачка Федерација Г-дин Владимир Лисин беше побарана поддршка со опрема и спортско оружје со цел развој на спортското стрелаштво и младите категории на спортисти во нашата земја.

unnamed

Нашето барање од страна на ИССФ со задоволство беше прифатено и беа донирани нови 10 SIUS електронски мети, 10 воздушни пушки од производителот Walther со кој воедно од неодамна Македонската Спортска Стрелачка Федерација склучи и договор за меѓусебна соработка и промоција како и 10 воздушни пиштоли HAMMERLI. Со оваа голема поддршка за прв пат во историјата на спортското стрелаштво Меѓународната Спортска Стрелачка Федерација го поддржува и поттикнува развјот на Македонското спортско стрелаштво, а воедно и ја верификува работата и довербата кон новото раководство на Македонската Спортска Стрелачка Федерација кое неуморно придонесува се за развој на спортското стрелаштво и подобрување на условите за клубовите и спортистите.

 

Напишете коментар

*