Бронзен медал и нов Државен јунирски рекорд за Анастасија Мојсовска на Меѓународниот натпревар Grand Prix of Smederevo и Walther Youth Cup 2021 во Смедерево

Почитувани,

Изминатиов викенд од 12 до 14.11.2021 по 7 пат се одржа Меѓународниот натпревар Grand Prix of Smederevo и Walther Youth Cup 2021 во Смедерево, Србија со воздушна пушка и пиштол мажи и жени на кој зедоа учество над 250 учесници од 10 земји. На ова меѓународно првенство со голема конкуренција од Македонија имаше учесници од неколку Стрелачки клубови: С.К Стрелец Скопје, СК Херој Прилеп, СК Охрид, ЖСК Лихнидос и СК Кавадарци.

Од сите наши претставници најпрво ја издвојуваме Анастасија Мојсовска која имаше извондрен настап во дисциплината воздушна пушка жени 10 метри во категорија до 20 години која во квалификациите повторно на трет натпревар редоследно го собори Државниот јуниорски рекорд со резултат од 619,7 кругови, а со овој резултат го освои бронзениот медал бидејќи 1,5 кругови ја делеа од среброто кое и припадна на NAKATOVA Zuzana од Словачка со 621.2 кругови, а 4,3 кругови од златниот медал кој и припадна на KOLAREVIC Marija од Србија со резултат од 624 кругови. На овој натпревар Анастасија беше предводена од клубскиот тренер Јордан Тасевски.

Ова е голем успех за Анастасија, клубот Стрелец од Скопје и Македонското стрелаштво и добар знак за претстојните меѓународни натпревари и олимпискиот циклус од наредната година бидејќи Анастасија Мојсовска со само 19 години е сериозен кандидат за учество на Олимписките игри во Париз 2024.

За пофалба е што за прв пат на овој меѓународен натпревар учествуваше Македонски микс тим со воздушна пушка, а тоа беа стрелците Анастасија Мојсовска и Мартин Ангелески кои се пласираа на 11-то место од вкупно 16 тимови со резултат од 612,7 кругови, а за влез во финале со најдобрите 8 тимови и дополнителни 20 истрели ги делеа 1,8 кругови.

Покрај Анастасија мора да се пофалиме и со Мартин Ангелески од С.К Херој Прилеп со воздушна пушка кој погоди 612,6 кругови кој се пласира на 9-то место, Јована Милевска со воздушна пушка од С.К Охрид која погоди 610,8 кругови, Лјилјана Илиева со воздушна пушка од С.К Кавадарци која испука 608 кругови, Бојан Спасеноски со воздушна пушка од Ж.С.К Лихнидос со воз.пушка со 598,9 круга и Ирина Јованоска од С.К Херој Прилеп со воздушна пушка кој погоди 597,4 кругови.

Со оглед на тоа што повеќето стрелци се млади и перспективни во иднина ќе се очекуваат доста повисоки резултати од истите, а натпреварот во Смедерево може слободно да го оцениме дека беше доста успешен за сите наши стрелци учесници кои настапија.

 

 

 

 

257765883_575101750381403_6392705524301896557_n 256304053_419917129726056_5491245152090916934_n