Анастасија Мојсовска со нов Државен рекорд на 46-от Меѓународен натпревар “Гранд При Белград 2021”

Почитувани;

Изминатиот викенд од 10-12 Декември 2021 година се одржа 46-от по ред меѓународен натпревар “Гранд При Белград 2021” со воздушно оружје 10 метри во Р.Србија. На ова првенство учествуваа неколку Македонски спортски стрелци кои имаа по два настапи и тоа на 12.10.2021 во дисципплината Air Rifle Women 60 Junior настапија: Анастасија Мојсовска која со висок резултат од 620,7 кругови постигна нов државен јуниорски рекорд и се пласира на 9-та позиција додека Лилјана Илиева погоди 604,4 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Men 60 junior настапи Мартин Ангелески кој исто така со висок резултат од 618.2 кругови се пласира на 6-та позиција.

Вториот натпреварувачки ден на 14.12.2021 започнаа со настап на Мартин Ангелески во дисциплината Air Rifle Меn 60 кој настапи поеуфорично и со поголеми очекувања што придонесе за послаб резултат од 609,9 кругови.

Во дисциплината Air Rifle Women 60 по втор пат настапи и Анастасија Мојсовска која повтори висок резултат од 620,1 кругови кој требаше да го надмине државниот рекорд од минатиот ден доколку немаше пад на концентрација и слаба последна серија од 101,1 кругови што е под нејзините можности.

Се вакви резултати кај младите категории на спортисти се повеке се оправдува стратегијата и инвестициите на долг рок на раководството од МССФ со подршка на Агенцијата за млади и спорт и Олимпискиот комитет како успешна стратегија за подигање на Македонското стрелаштво на меѓународните натпревари. Очекувано е во наредниот период со редовен систематски тренажен систем проследен со континуирани подготовки и настапи на меѓународните натпревари се повеќе Македонските стрелци со леснотија да учествуваат во финале на меѓународните натпревари и да освојуваат медали.

Напишете коментар

*