30-ти Летни универзитетски игри НАПОЛИ 2019

30-ти Летни универзитетски игри НАПОЛИ 2019 се одржаа во периодот од 1 јули до 15 јули 2019 година во Наполи, Италија, а на нив настапија 50 европски држави, со околу 4000 спортисти во 15 спортови.

Нашата држава ја претставуваа 12 спортисти предводени од Македонскиот олимписки комитет кои се натпреваруваа во повеќе спортови (спортски дисциплини):

Во својот настап во спортско стрелаштво – 10 метри, воздушен пиштол 60 дијаболи, Борјан Бранковски го освои 30-то место, од 36 натпреварувачи.
Тој постигна солиден резултат од 567 кругови (со серии 96, 95, 96, 95, 92, 96 92). Овој натпревар Борјан го стартуваше одлично со тоа што по првите три серии беше постојано со пласман од 13 до 15 место но по мала деконцентрација и возбуда која предизвика несигурност при испалувањето на погодоците во четвртата серија која беше 92 кругови беше исфрлен 15 места подолу.

За пласман во првите 8 стрелци во оваа дисциплина и дополнителна финална борба од 24 истрели потребни беа да се погодат 579 кругови.
Останува за Борјан, со напорни тренинзи, на следните натпревари да го подобри својот најдобар резултат од 570 кругови постигнат на официјалните ISSF натпревари.

Напишете коментар

*