30-ти Летни универзитетски игри НАПОЛИ 2019

naples+shootingПочитувани

30-те Летни универзитетски игри НАПОЛИ 2019 се одржаа во периодот од 1 јули до 15 јули 2019 година во Наполи, Италија, а на нив настапија повеќе европски држави во многу спортови.

Нашата држава ја претставуваа 7 спортисти предводени од Универзитетската Спортска Федерација на Македонија и подржани од Агенција за млади и спорт на Р. С. Македонија.

На овие летни универзитетски игри во спортско стрелаштво – 10 метри, воздушна пушка 60 дијаболи жени настапи и Нина Балабан која е член на С.К “Стрелец” и го освои 58-то место, од 70 натпреварувачи.
Таа постигна резултат од 613,1 кругови (со серии 102,5, 101,9, 102,4, 102,2, 101,6, 102,5). Овој натпревар Нина го стартуваше добро но во текот на натпреварот се појави сомнеж во исправноста на пушката односно регулаторот за еднаков притисок на секоја исфрлена дијабола за што дополнително ќе се утврдува техничката исправност на пушката со која се натпреварува Нина Балабан.

За пласман во првите 8 стрелци во оваа дисциплина и дополнителна финална борба од 24 истрели потребни беа да се погодат 625,1 кругови.
Останува за Нина Балабан, после летниот одмор со нови сили и напорни тренинзи, на следните натпревари да се бори за влез во финале на некој од официјалните ISSF натпревари преку кое единствено би имала можност за освојување за квота за учество на Олипмиски игри Токио 2020.

Напишете коментар

*