Успешен настап на СК “Стрелец” на I-от КУП од лигата во 2014-та.

На ден 22.02.2014 година на воздушно стрелиштето Корчагин во Скопје, се одржа I-от КУП во 2014-та година со што започна лигата на Македонија со воздушен пиштол и воздушна пушка, во машка и женска конкуренција – меѓународна програма.

На натпреварот настапија 49 стрелци од повеќе клубови кои постигнаа солидни резултати. Имено со воздушен пиштол првите неколку места беа резервирани за Стрелците од СК “Стрелец”. Со испукани 557 круга на првото место беше Ристовски Деан, на второто место со испукани 548 круга Бранковски Борјан  додека на третото место со резултат од 543 круга беше Тасевски Јордан, како и Гелевски Мартин со испукани 541 и Радосављевиќ Александар кој со 505 круга се пласираа на четвртата и петтата позиција. Во дисциплината воздушен пиштол – жени на втората позиција се искачи вонредниот член на ССРИ Кисела Вода Симона Ангелеска од секцијата спортско стрелаштво која тренира во просториите на ССРИ Кисела Вода со својот тренер Ванчо Каранфилов, а е член на Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје. На својот дебитирачки натпревар во првото коло од КУП натпреварите на Македонската Спортска Стрелачка Федерација пријатно изненади и испука одличен резултат од 353 кругови. Симона е млад и надежен стрелец од кој се очекуваат уште повисоки резултати на наредните натпревари. Дијана Георгиевска се пласира на третата позиција со резултат од 351 круг, додека Тулева Билјана со 317 кругови и Велковска Вероника со 328 кругови на четвртата и петтата позиција. Како нов член од оваа сезона за СК “Стрелец” пукаше и Лидија Крстеска со резултат 339 кругови која беше вон конкуренција поради нерешениот клубски статус.

Во дисциплината воздушна пушка – мажи очекувано Томислав Гончев на првата позиција со 587,5 круга, веднаш до него Драгослав Кудрановиќ на втората позиција со 584, додека Магдевски Владимир со резултат од 575,9   кругови кој се искачи на четвртата позиција како нов член од оваа сезона во СК “Стрелец” наговестува дека ќе има борба за првата позиција во категоријата мажи пушка. Петковски Ѓорѓија заврши како петопласиран со резултат од 568,2 кругови,  додека на 12-та позиција во оваа категорија беше Николовски Кирил со резултат 506,6 круга и Марко Илијоски со резултат 484,5 кругови на 14-та позиција.

Кај девојките во дисциплина воздушна пушка на четвртото место беше Трпковска Светлана со 383,4 кругови, додека на осмата позиција беше Зец Биљана со резултат од 351,4 кругови.

Со одржувањето на I-от КУП за Стрелачки клуб “Стрелец” започна успешно лигата за 2014-та година каде мора да се истакне дека со својата континуирана и макотрпна работа и покрај тешките финансиски услови, благодарни сме на Гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин што отстапува простор за редовно спроведување на тренажниот процес на стрелците, кои на секој натпревар даваат се од себе за подобар пласман со што успеваме да сме најуспешен Стрелачки клуб во Р.Македонија и се надеваме така ќе продолжиме.