Спортското стрелаштво учесник на 2-те Европски игри во МИНСК 2019

Европските игри во МИНСК 2019 се одржаа во периодот од 21 јуни до 30 јуни 2019 година во Минск, Белорусија, а на нив настапија 50 европски држави, со околу 4000 спортисти во 15 спортови.

65157722_10219624062252052_8775520678615973888_oНашата држава ја претставуваа 12 спортисти предводени од Македонскиот олимписки комитет кои се натпреваруваа во повеќе спортови (спортски дисциплини):

1. Емил Павлов – карате
2. Магомедгаџи Нуров – борење (слободен стил)
3. Владимир Егоров – борење (слободен стил)
4. Фати Вејсели – борење (слободен стил)
5. Арбреша Реџепи – џудо
6. Владимир Малески – кајак
7. Борјан Бранковски – спортско стрелаштво
8. Андреј Петровски – велосипедизам (улична трка, хронометар)
9. Далибор Богданов – самбо
10. Етеми Арсим – бокс
11. Јасин Љама – бокс
12. Гоце Јанески – бокс

Во својот настап во спортско стрелаштво – 10 метри, воздушен пиштол 60 дијаболи, Борјан Бранковски го освои 30-то место, од 36 натпреварувачи.
Тој постигна солиден резултат од 567 кругови (со серии 96, 95, 96, 95, 92, 96 92). Овој натпревар Борјан го стартуваше одлично со тоа што по првите три серии беше постојано со пласман од 13 до 15 место но по мала деконцентрација и возбуда која предизвика несигурност при испалувањето на погодоците во четвртата серија која беше 92 кругови беше исфрлен 15 места подолу.

За пласман во првите 8 стрелци во оваа дисциплина и дополнителна финална борба од 24 истрели потребни беа да се погодат 579 кругови.65313859_10219624061252027_2362315257856131072_o
Останува за Борјан, со напорни тренинзи, на следните натпревари да го подобри својот најдобар резултат од 570 кругови постигнат на официјалните ISSF натпревари.